0 коментари 2 мин. читање 19 септември, 2011

Intel и LEGO експериментираат со проширена реалност

Дали некогаш сте земале некој производ и сте гледале во пакувањето прашувајќи се како навистина изгледа производот внатре? Доколку е така, а верувам дека е, тогаш ќе ви се допадне апликацијата која Intel ја претстави на овогодинешната IDF конференција. Intel во соработка со данската компанија за играчки LEGO демонстрираше апликација за проширена, аугментирана реалност која дава 3Д приказ од неотпакуваниот производ.

Апликацијата за аугментирана реалност функционира благодарејќи на посебен хардвер, Sandy Bridge PC со интегрирана графичка и мала ITX матична плоча. Користејќи обична веб камера апликацијата ги регистрира фотографиите на LEGO кутијата барајќи соодветен 3D приказ од производот која таа го содржи. Кога апликацијата ќе го вчита производот неговиот 3D приказ ќе се појави над кутијата. Со ротирање на кутијата се ротира и 3D приказот, а доколку сакаме да го зумираме приказот, тогаш кутијата ја носиме поблиску до веб камерата.

Овој нов производ на Intel може многу да го олесни купувањето на пакувани производи за кои не знаеме како изгледаат. Апликацијата за аугментирана реалност треба да се појави во продавниците на LEGO наредната година. Ова не е прв пат LEGO да експериментира со аугментирана реалност, со таа разлика што претходниот систем беше далеку поскап и функционираше само со одреден број на производи.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top