Прв поглед на новиот редизајниран Google+

На првиот ден од Google I/O за кој веќе пишувавме претходно, најголем дел од промените беа токму за друштвена мрежа Google+. Сепак, и покрај големата поврзаност со најголемата друштвена мрежа Facebook и сите тие сличности, Google сепак не успеа да привлече голем дел корисници, особено не тие „обичните“.

Една од највидливите промени во новиот Google+, очигледно, е новиот дизајн на друштвената мрежа кој по малку наликува и на Pinterest. Сепак, постои и уште еден изглед на лентата со новости до кој може да се пристапи преку менито More од менито со кругови кое се наоѓа на горниот дел од сајтот. На левата страна се наоѓа менито за навигирање низ целата друштвена мрежа. Досегашното копче Explore, сега е заменето со What’s Hot, а преку истото мени можете да пристапите и до заедниците во кои членувате, страници кои ги следите, вашиот профил, hangouts, локали, игри и слично. На десната страна се контактите со кои можете да започнете разговор или видео дружба.

Доколку го отворите вашиот профил, ќе бидете пречекани од огромна cover фотографија, додека распоредот на објавите низ вашиот профил е прилично сличен како тој на почетната страна. На врвот од профилната страница покрај корисничката фотографија стојат неколку информации за тоа каде работи личноста, каде студирала, живее и слично. До фотографиите, видеата, за страницата и останатите кориснички страници, може да се пристапи преку менито на горниот дел од сајтот. Исто така, можете да проверите како вашиот профил изгледа кога го гледа некоја одредена личност.

Новост во редизајнираниот Google+ е и картата за активност, односно од Google сега на хаштаговите им имаат дадено поголемо значење, па од едно место можете да ги видите сите хаштагови кои се искористени во одреден пост. Доколку сакате да отстранете некоја личност од вашите кругови, истото можете да го сторите без напуштање на страницата која ја прегледува. Само отидете врз пријавата и кликнете на стрелката во десниот горен агол.

Со новите промени доаѓаат и четири новости поврзани со фотографиите, а од нив се издвојуваат опциите Auto Enhance за подобрување на фотографијата и Auto Hightlight која ќе ви помогне побрзо да пронајдете одредена фотографија. Дополнителна опција е Auto Backup која овозможува автоматско прикачување на сите фотографии што ги имате сликано со вашиот телефон. Oпцијата за подобрување на сликата стандардно е овозможена, а доколку сакате да го вратите оригиналниот квалитет на фотографијата која ја прикачувате, само кликнете на првата иконка под фотографијата. Доколку сакате да ги подобрите веќе прикачените фотографии, отворете ја фотографијата и од менито More изберете Auto Enhance.

Auto Hightlight ќе ви овозможи побрзо да ја пронајдете саканата фотографија. Доколку го отворите менито Photos, Hightlights е страницата на која најпрво ќе завршите. На неа се прикажани најрелевантните фотографии, а функцијата се подобрува со секое ваше користење Google+.

Кое е вашето мислење за новиот Google+?

[youtube]vF5RovO5R8w[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk