Низ своите неколку генерации, графичките картички Asus DirectCU се покажаа како доста успешни. Моќниот систем за ладење резултира со пониски температори како и помала бучава, а со добро оптимизиран енергетски систем и квалитетни компоненти може да се очекува максимум од овие карти на реални тестови и оверклок. Знаејќи ги можностите, решивме и самите да тестираме една AMD картичка – Asus Radeon HD 7870 DirectCU II v2.
Станува збор за картичка која зазема „само“ два слота и на која Asus избра да вгради AMD Pitcairn графички процесор. За неа има обезбедено 1280 стрим процеси и изработена со 28nm технологија. Ќе добиете 2048 MB видео меморија GDDR5 „клокната“ на 1250MHz, GPU на 1100MHz, со што добиваме поголема фрекфенција за GPU 100 MHz и 50 MHz за меморијата во однос на референтните картички, со што Asus ја има најдобрата производна серија за оверклок картички.
Технички карактеристики:
- GPU: Pitcairn XT
- Процесна технологија: 28 nm
- Број на транзистори: 2.800.000.000
- Видео меморија: 2 GB GDDR5
- Мемориска фрекфенција: 1250 MHz
- GPU Фрекфенција: 1100 MHz
- Стрим на процесор: 1280 (1D)
- Мемориска магистрала: 256 bit
- Трансфер на меморија: 160,0 GB/s
- ROP: 32
- DirectX® Поддршка: 11.1
- PCIE стандард: PCIE 3.0
- Дисплеј конектори: 2 x Dual-Link DVI, 1 x HDMI 1.4a, 1 x DisplayPort
- SLI / CrossFire: SLI / CrossFire
- Максимална резолуција: 2560×1600
- ATI Eyefinity технологија: Подржува
- Минимална потребна елек. енергија: 650w
- Конектори за додатно напоjување: 2х6 pin
- Цена: 20.990 ден.
Пакување
Картичката доаѓа во страндардната, веќе препознатлива картонска кутија за Asus картички. На предната страна ги има најважните карактеристики за картичката, модел и DIrectCU II ознака. На задната страна пак има известување за картичката на повеќе јазици, објаснување за слотовите, како и за додатниот софтвер кој доаќа со CD-то.
Под надворешната кутија има уште една црна кутија на која го има логото на Asus каде се сместени графичката со сите додатоци кои следат со неа. Во внатрешноста освен картичката има и DVI-VGA адаптерот, CD со соодветните драјвери и софтвер, адаптер за напојување Molex to 6-pin, упатство за користење, како и CrossFire конектор.
За картичката
Прд да почнеме со разгледување на картичката, сакам само накратко да потсетам за Pitkern XT архитектурата на процесори. Произведен со помош на 28-нанометарска процесна технологија и содржи 2,8 милјарди транзистори, Pitkern XT се корсти за вкупно 20 единици CU. Секоја единица има 4 CU SIMD единици, секоја содржи оп 16 ALU стрим процеси, што резултира да Radeon 7870 има вкупно 1280 стрим единици (20х4х16).
Моделот што го користиме работи на 256-bit мемориска магистрала. Преостанатите 4 64bit мемориски контролери работат со два 256 MB GDDR5 чипови што овозможува картичката да користи 2048MB видео меморија. Работната фрекфенција на Asus-овиот модел работи на 1100/1250 MHz што е респективно. Наместо референтното ладење на картичката има состав за ладење во сопственст на Asus.
Фабрички зголемениот клок од 1100/1250 MHz за Asus Radeon HD 7870 DirectCU II може да добие многу подобри резултати од референтниот модел, чија вистинитост ќе ја провериме во продолжение. Првото нешто што се забележува на картичката е системот за ладење кој се состои од два кулери прицврстени помеѓу препознатливата маска на DCU II моделите. Со оглед на тоа дека картичката има пристоен фабрички оверклок овие два вентилатори се повеќе од потребни и добро осмислени.
PCB-то на картичката е црна со исти димензии како и кај референтниот модел, должината е 24cm со ладилник прилочно издолжени дури и до 3cm. Разладниот систем на Asus DirectCU II истиснува топлина од 28nm GPU, VRM и мемориските чипови со што обезбедува ниска температура дури и во максимална оптеретеност. Има 2 80mm вентилатори, голем број на алумиумски ребра и три бакарни цевки за пренос на топлина со дијаметар до 8mm.
За дополнително напојување на картичката се користат 2 6-пински PCIE конектори, кои заедно со PCIE конекторот испорачуваат и до 225W енергија од напојувањето. Но, во пракса тоа не е потребно бидејќи потрошувачката на Pitkern XT е сведена на 170W.
На предната страна од картичката се наоѓаат стандардните два DVI, HDMI и DisplayPort излази. Во споредба со референтниот дизајн добиваме еден DVI излез повеќе како замена за два mini-DP.
Плочата има доста квалитетни делови, вклучувајќи ги и HIC кондензаторите како и сложен електроенергетски состав. Asus-овата плоча за разлика од онаа на AMD има проширен број на фази, во овој случај има 8 фази. Системот за ладење има 3 8мм топлински цевки, кои благодарение на Direct Touch технологијата допираа директно на графичкиот процесор. Комплетно алуминиумски ребра и двата 80 милиметарски вентилатори на задната страна.
Тестирање
Тестирањето ќе ги вршиме на веќе познатата конфигурација, каде процесорот е клокнат на 4.8 GHz со цел подобри перформанси.
- CPU: Intel i5 2500k 4.8Ghz unlocked & OC
- MB: Asus P8P67 Delux
- RAM: Kingston HuperX Genesis 8GB 1600Mhz
- HDD: WD CG 1TB SATA II
- SSD: Crucial M4 128GB
- PSU: Cooler Master Silent pro 600w
- Case: Cooler Master Elite 430 Black
- Drivers: AMD 12.8 CAP1 12.9
- OS: Windows 7 x64 SP1
Со цел тестовите да бидат по релевантни и по сликовите земени се точни резултати од уште три картички од приближен ценовен ранг.
- NVIDIA GeForce GTX 560 Ti (820/1640/1000 MHz, 1024 MB)
- AMD Radeon HD 7870 (1000/1000/1200 MHz, 2048 MB)
- AMD Radeon HD 7970 (925/925/1375 MHz, 3072 MB)
Тестирањето ќе ги направиме во два дела. Првиот дел е тестирање на софтвер, вториот е тестирање на игри.
Тест програми:
- Futuremark 3DMark 11 (DX11):Entry, Performance, Extreme
- LuxMark 2.0 (OpenCL): Sala
Тест игри:
- Battlefield 3 (DX11): 1680×1050 1xAA 16xAF; 1680×1050 4xAA 16xAF; 1920×1080 1xAA 16xAF; 1920×1080 4xAA 16XAF
- Call of Duty: Modern Warfare 3 (DX9): 1680×1050 4xAA 16xAF; 1920×1080 4xAA 16xAF;
- Crysis Warhead (DX10): 1680×1050 1xAA 16xAF; 1680×1050 8xAA 16xAF; 1920×1080 1xAA 16xAF; 1920×1080 8xAA 16xAF
- The Elder Scrolls V: Skyrim (DX9): 1680×1050 1xAA 16xAF; 1680×1050 8xAA 16xAF; 1920×1080 1xAA 16xAF; 1920×1080 8xAA 16xAF
- Metro 2033 (DX11): 1680×1050 1xAA 16xAF; 1680×1050 4xAA 16xAF; 1920×1080 1xAA 16xAF; 1920×1080 4xAA 16xAF
Резултатитe земени од нашата картичка на тест се со стандардни фрекфенции и при оверклок.
Оверклок
Потрошувачка, температура и бучава
Најпрвин меревме потрошувачка, тепература и бучава. Овие тестови се мерени под максимална оптеретеност на Crysis 2 (1920 x 1080) со активни AA и AF. Мерењето е извршено по 10 минути од стартување и играње на играта. Бучавата е мерена на растојание од 30 cm од графичката картичка.
Од направениот график може да се забележи дека Asus Radeon HD 7870 DirectCU II при мала оптеретеност дава нешто полоши резултати од референтната картичка, но во максимална оптеретеност таа станува подобра и на стандардни фрекфенции како и на оверклок со неверојатни 48,2 dB(A) односно 49,5 dB(A).
Картичката работи на 1100/1250 MHz на стандрардна фрекфенција, односно 1260/1450 MHz при оверклок. Со што е и нормало да има и поголема потрошувачка на енергија од референтната картичка. Под оптеретување имаме максимална моќност од 317,3 w, што е за цели 17 w повисока од референтната картичка. Кога картичката е во мирување разликата не е голема и се искачува до 113,9 w. Ако се земе во предвид дека GPU има Pitcairn XT и дека е DirectCU II потрошувачката е оправдана во целост.
Кога станува збор за ладењето DirectCU II кулерите беа во можност да си ја покажат нивната најдобра страна, 28-nm GPU секогаш имал добро ладење, 64 степени при оптеретеност и 36 степени при мирување се навистина студени резултати на кои што дизaјнерите на Аsus посветиле големо внимание.
Asus Radeon HD 7870 DirectCU II помина добро на првите три тестови. Повисоката потрошувачата на енергија во 2D И 3D се должи на поголемата работна фрекфенција во однос на референтната картичка, двата 80 милиметарски вентилатори одлично си ја вршат својата работа, нивото на бучава при оптеретеност е помала во однос на референтниот модел, а температурата е пониска. Генерално Asus беше во можност да презентира еден многу ефикасен систем за ладење кој во пракса работи одлично.
Futuremark 3DMark 11
Првиот тест направен на програма е 3DMark. 3DMark 11 е тест целосно базиран на DirectX 11. Со помош на него се тестира целсона текстура и волуметриски осветлувања како и DirectCompute.
LuxMark 2.0
LuxMark е тест кој тестира моќ на процесорање на графички процесор со поддршка на OpenCL. Сцена за тест “Sala” со RayTracing. Резултатите од тестот се прикажани во примероци во секунда.
Втората фаза од тестирањето се игрите. Како ќе се покаже графичката во пракса со големо преоптоварување?
Battlefield 3 (DX11)
Играта е базирана на Frostbite 2 (DX11) engine.
Crysis Warhead (DX10)
Crysis е игра која стана препознатлива по добрите тестови за моќност на PC графика. Базирана на Cry engine, тестирана со DX10 на максимално нов на деталност.
The Elder Scrolls V: Skyrim (DX9)
Skyrim е исто така игра која бара многу од графичката поради одличните детали на вегетација и значајна видливост.
Metro 2033 (DX11)
Metro 2033 е базирана на А4 (DX11) engine и сите графички елементи се слични како кај S.T.A.L.K.E.R
Call of Duty: Modern Warfare 3 (DX9)
Modern Warfare 3 e 8 по ред во успешното семејство. Базирана на IW engine 4.0 (DX9)
Оверклок
Когс станува збор за оверклокот со сигурност можам да кажам дека примерокот кој го имавме на тестирање беше прилично расположен за покачување на фрекфенцијата. Успеавме да направиме стабилен клок дури до 1260 MHz на GPU и 1450 MHz на графичката меморија, или 12% на GPU и oколу 15% на меморија. Со право можеме да кажеме дека картичката има голем потенцијал за оверклок.
Заклучок
Asus Radeon HD 7870 DirectCU II v2 покажа резултати на тестови кои воопшто не се за потценување. Kартичката е далеку потивка од нејзината референтна картичка што е реткост. Благодарение на фабричкиот клок графичката може да се смета во една од најбрзите модели на Pitcairn, резултатите се многу блиску до NVIDIA GeForce GTX 580 и Radeon HD 7950. Снабденоста на картичката со додатоци е за критика. Освен неколкуте кабли, упатството за користење и CD-то со драјвери нема ништо друго. Убаво би било со пакетот да иде и купон за некоја DX11 игра.
Генерално графичката пријатно изненадува со својата тивка работа, пристојно ниво на перформанси и добар оверклокерски потенцијал. Картичка е пред се наменета за гејмери и ентузијасти кои се љубители на добри игри и стабилни клокови без грижа дека ќе бидете „кнап“ со перформансите.
Позитивно
- Тивко работење.
- Пристоен фабрички оверклок.
- Додадена поддршка за PCI-Express 3.0 и DirectX 11.1.
- Поддршка за повеќе независни аудио стримови.
- Добри перформанси.
- Одлично ладење.
Негативно
- Слаба опременост со додатоци.
- Висока цена за да биде конкурентна.
- Зголемена потрошувачка на енергија.
- Прениско ограничување на CCC Overdrive на меморијата.
*Голема благодарност до SET компјутери кои ни го отстапија хардверот за тестирање.