Гејминг конзолите ќе станат само хоби, вели основачот на Electronic Arts

Во иднина ќе се намали играњето на видео игри на конзоли, предвидува основачот на Electronic Arts и 3DO, Трип Хокинс. Предвидувањето оди дотаму што г.Хокинс тврди дека во иднина на конзoли ќе играат хобисти. Тој отиде до таму што ги спореди играчите на видео игри на конзола со луѓето кои поседуваат приватни авиони.

„Погледете ги авионите. Најголемиот број од нас само сакаат да бидат патници, но има луѓе чие хоби е летањето, па дури размислуваат и за сопствен авион. Во оваа насока се движат и конзолите.“, изјави г. Хокинс за IGN.

Неговото предвидување се темели пред се на се поголемата достапност на видео игрите, без разлика дали станува збор за Facebook, таблет компјутери или паметни телефони. Токму поради достапноста, г.Хокинс верува дека иднината на видео игрите е во игрите кои се играат преку прелистувач.

„Порано одевме во визбата да играме Grand Theft Auto. Но, Facebook гејмерот може да игра на работа, дома, во хотел на PC. Тие можат да дојдат до прелистувач од било каде. Луѓето размислуваат за конфорот пред се.“

Намалена продажба

Во прилог на ова тврдење одат и бројките од продажбата. Добрата продажба на неколку ексклузивни PC наслови (WoW: Mists of Pandaria и Guild Wars 2) го намалија падот на продажбата на 14 отсто, но продажбата на видео игри за конзоли е падната за 18 отсто. Уште полошо поминуваат конзолите чија продажба се намали за 39 отсто.

Сепак CNBC го толкува падот на продажбата како последица на долгото чекање на нова конзола. Па сега кога е на повидок  Nintendo Wii U, а за следната година се најавени и новиот PlayStation, а и новиот Xbox, купувачите се решени да ги почекаат новите верзии. Исчекувањето се префрла и на студијата за развој на видео игри кои своите најочекувани наслови ги одложуваат за следната година за следната генерација на конзоли.

Порастот на PC продажбата е очекуван, со оглед на тоа дека и хардверот на конзолите одамна е надминат. Па иако Xbox 360 во 2005 година, односно PlayStation 3 во 2006 година, имаа навистина солиден хардвер сега и покрај оптимизираноста на конзолите за видео игри, тие изгледаат далеку подобро на PC.

Иднината на конзолите и PC игрите ќе биде далеку поизвесна во 2013 година, кога и ќе видиме дали, студијата ќе почнат да прават оптимизирани игри за PC гејмерите или ќе продолжат портирањата од конзоли.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments