1 коментар 2 мин. читање 22 октомври, 2012

Ова се цените на Windows Phone 8 телефоните…

AT&T провајдерот, кој ќе има ексклузивно право да ги продава Nokia Lumia 920 телефоните за Америка ја започна претпродажбата на Windows 8 телефоните. Продажбата и цените ги објави Best Buy за набрзо потоа да го симне од понудата телефонот од Nokia.

Nokia Lumia 920 ќе чини 150 долари со две годишна претплата на мрежата на AT&T или 600 долари за отклучен телефон. Заедно со Lumia, во претпродажба е и HTC 8X кој со двегодишна претплата чини 100 долари, или 600 долари без обврски кон провајдерот.

Продажбата е во тек за двата телефони, a ќе бидат испорачани кога ќе бидат достапни. Microsoft има најава за прес-конференција за Windows Phone 8 телефоните на 29 октомври.

Се претпоставува дека ексклузивното право да ги продава Lumia 920 AT&T ќе го има најмалку 6 месеци. Според најавите Lumia 920 е во иста класа со iPhone 5 и Samsung Galaxy SIII, но сепак е 25 отсто поефтин.

Што се однесува за цените во Македонија и достапноста на телефоните, се уште нема никои посебни најави, но може WP8 уредите да се појават до пред Нова година. Што се однесува до цените, претпоставката е дека ќе бидат околу 30.000 денари, иако се зависи од тарифните модели.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
petarpan
petarpan
13 years ago

99 $ ? нашиве оператори ќе го даваат за 399!!!!!!!

Мени
Заедница
Изглед
To top