Спонзорирано

„ПроКредит бизнис академија“ ги отвора вратите за 90 микро и мали бизниси подготвени за надоградување на претприемачките вештини

Спонзорирано од ПроКредит

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

ПроКредит Банка официјално ја претстави новата едукативна програма за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. „ПроКредит бизнис академија“ беше претставена на настанот кој се одржа вчера во Forza Fusion Bar, каде што претставници на медиумите и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со целосната програма и нејзините придобивки.

Академијата е дел од пошироката иницијатива на ПроКредит Банка насочена кон зајакнување на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка. Како банка која континуирано создава можности за едукација и вмрежување, преку оваа академија ќе им овозможи на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки за унапредување на деловните вештини. 

Милан Дамчевски

„Преку ПроКредит бизнис академијата сакаме да им овозможиме на претприемачите пристап до знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот голем чекор во развојот на нивниот бизнис. За нас, да се биде партнер на бизнисот, значи да се оди чекор понапред од нудење на стандардни банкарски услуги. Затоа вложуваме во тоа што е клучно за градење успешен бизнис – знаење и мрежа на контакти. Веруваме дека едукацијата е клучна за одржлив раст, а оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја зајакнуваме локалната бизнис заедница,“ изјави Милан Дамчевски, Член на Управниот Одбор на банката.

Програмата ќе биде реализирана под менторство од искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group која повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.

Академијата е структурирана во пет клучни модули, кои ги опфаќаат темите: разбирање на финансиски концепти, продажба, комуникациски вештини, интерно претприемништво и дигитална трансформација.  

Програмата ќе се реализира од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.  

Учеството е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Заинтересираните претприемачи можат да аплицираат до 30 март 2025 година. По процесот на селекција, ќе бидат избрани 90 учесници кои ќе се приклучат на првата генерација на ПроКредит бизнис академијата. 

Пријавувањето е отворено преку официјалната страница biznisakademija.pcb.mk каде што се достапни сите детали за академијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на ПроКредит . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]