Игри кои би можеле да ги проверите неделава

Месецот март го започнуваме со интересни и релативно нови игри или надополнувања. Доколку имате слободно време за исполнителни гејминг сесии, неделава копавме длабоко и широко за да пронајдеме (помалку) познати и крајно забавни наслови.

Starnaut е Vampire Survivors, но во вселена!

Starnaut е roguelite шутер кој се развива од јапонскиот девелопер Саваки Такејасу. Саваки е исклучително познат девелопер кој има дадено силен допринос во игри како Devil May, Okami, Steel Battalion и многу други. Со Starnaut, Саваки тежнее да го реализира неговиот талент во осмислување вртоглава акција полна со непредвидливи моменти.

Пет главни стази, 15 оружја и над 100 различни варијации на непријатели!

Starnaut е во раниот пристап на Steam, а така ќе остане година дена или додека не се добијат: „доволно повратни иnформации од играчите за да се понуди возбудлива и уникатна акциона игра со впечатлив roguelite систем и забавни механики за пресметки со бранови од непријатели“, објаснува Саваки.

Низ бројните места собирате парички со кои подоцна купувате и надградувате оружја. Со оглед на тоа дека Starnaut е дирекна инспирација на Vampire Survivors, пукањето со оружјата е автоматско, додека на вас се остава да се движите и да избегнувате напади. При секое почнување стаза, ќе можете да одберете едно оружје. Во меѓувреме, се работи на подобрување и проширување на сите аспекти од roguelite системот како и воведување дополнителни оружја и непријатели.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: crim Co., Ltd.
  • Издава: crim Co., Ltd.
  • Жанр: roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 14 февруари 2024

Шестото надополнување за Baldur’s Gate 3 го подобрува бакнувањето

Неодамна, мега популарната RPG игра, Baldur’s Gate 3 се поднови со интересно надополнување каде се труди да го подобри начинот на кој изгледа и се изведува бакнувањето, анимациите додека сте во кампот, а и се воведоа нови акции за босови во Honour модот, како и бројни исправки и додатоци засновани на повратните информации на заедницата.

Благодарение на таканаречените рандомни бакнежи, бакнувањето на вашиот романтичен партнер ќе биде непредвидливо, а, со тоа и подобро ќе ја отсликува уникатната личност на сопатниците. Оние на кои малку им значи „виртуелното бакнување“, ќе може да ги проверат новите легендарни акции во Honour модот или да проверат бројни подобрување, како полесно менување сопатници, приоритизирање на вашиот лик при водење разговори. Детали за Patch 6 ќе најдете тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Larian Studios
  • ИздаваLarian Studios
  • Жанр: RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 3 август 2023

Popslinger излезе и за конзолите!

Неделава ја имавме екслузивната можност и да ја провериме симпатичната игра на Funky Can Creative. Насловена како Popslinger играта е симпатичен хибрид од Shoot ’em up и Beat ’em up, со минималистички примеси на загатки. Со графички дизајн кој е импресиониран од цртаните од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век, PopSlinger пружа кратко, но крајно носталгично патување со инспиративна музичка подлога и едноставни механики.

Моќта на газираните сокови!

Етикитиран како наративно-фокусиран музички шутер, PopSlinger ви дозволува да играте со Риа Карбон и да пробате да го спасите светот од неочекувана вонземна инвазија. Како што сигурно знаете, таквото нешто е можно само со специјални оружја чија муниција е заснована на газирани сокови. Гејмплеј механиките се крајно едноставни и првенствено осмислени за релаксирано пукање, избегнување удари и напредување низ приказната.

Ни се допадна уникатниот начин на пресметките каде динамиката се менува доколку убивате по четири непријатели кои се во иста боја, при што се отклучуваат дополнителни моќи, како клон, штит, поголема деструктивност, и слично.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Funky Can Creative
  • ИздаваFunky Can Creative
  • Жанр: аркадна акција
  • Платформа: конзоли
  • Излезе на: 29 февруари 2024

Thyria е RPG игра со впечатлив дизајн и длабоки гејмплеј механики

Пред половина година, развојното студио Twokats понудија на заинтересираните гејмери бесплатна игра насловена како Thyria: Step Into Dreams. Оваа игра произлезе дека е пролог за Thyria, интересна идеја за да се привлечат RPG ентузијастите и да видат дали платежната верзија го заслужува нивното внимание или не. Thyria се чини како добрa игра која успешно жонглира RPG елементи со turn-based стратегија. Како резултат, добивате уникатна комбинација од три забавни елементи…

…истражување, битки, стратегија

Во Thyria имате огромен и процедурално-разработен свет за истражување каде повикувате бранители да навлезат во умовите на проколнатите селани, при што ги истражувате нивните соништа, болести и искуства. Ова знае да биде меч со две острици и потребно е стратешко размислување доколку сакате да издвоите победа за време на битките. Имено, како што секој од вашите бранители има уникатни моќи и способности, така и демоните се одликуваат со соодветни силни и слаби страни.

Како дополнителен предизвик и можност за подлабока стратегија, времето, односно дали е ден или ноќ, може да влијае на она што ќе најдете за време на вашето патешествие. Кога не истражувате или не се борите, ќе вршите најразлични експерименти во вашата лабораторија, ќе спојувате уникатен накит со концентрирани души и ќе повикувате нови бранители. Паралелно со ова, ќе внимавате на тоа на какви моќи и способности ќе доделувате на некој од 14-те понудени бранители.

Tyria крие огромна длабочина која се должи на само двајца талентирани девелопери од Франција. Играта е во раниот пристап на Steam.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Twokats
  • ИздаваGrabTheGames
  • Жанр: RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 29 февруари 2024

Cybertrash STATYX e акционен платформер со многу душа и носталгија

Од развојното студио Uncle Frost Publishing се поплочува патот за излегување на ретро-инспириран, крајно предизвикувачки акционен платформер. Иако играта ќе излезе на 13 март, на располагање имате повеќе од одлично демо кое ќе ве воведе во приказнатата и кличните гејмплеј механики каде трчате, се лизгате, скокате и уништувате различни непријатели.

Предизвикувачка акција

Иако приказната знае да биде предвидлива во одредени аспекти, музиката е апсолутно феноменална, а гејмплеј механиките повеќе од одлични. Од техники аспект и изведба, Cybertrash STATYX не страда од криза на идентитет и точно знае што сака да биде – забавна акција со едноставни контроли кои бараат исклучително добри рефлекси и брзо размислување, не само за навигација низ мапите, туку и за справување на непријателите.

Од една страна потребно е брзо движење и правилна навигација низ мапите, како лизгање и во последен момент скокање за да се префрлите на повисокото место. Од друга страна, непријателите знаат да бидат крајно агресивни и немислосрдно да ве бомбардираат со куршими и непредвидливо движење. Како резултат често се доведувавме во ситуација да пробуваме одново и одново, се додека не дојдовме болно блиску до скубење на сопствената коса. За среќа, до некаде помага тоа што собирате искуство од убиените непријатели и потоа ја надградувате издржливоста и способностите на вашиот лик.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Uncle Frost Team
  • ИздаваUncle Frost Publishing
  • Жанр: Акционен платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Ќе излезе на: 13 март 2024

Sixty Four e интересен спој помеѓу Factorio и Monument Valley!

Со Sixty Four, девелоперот Олег Данилов се труди да понуди уникатни можности за комбинирање стратегија и симулација која потсетува на игрите како Factorio и Monument Valley. Најголемата разлика по која се истакнува Sixty Four од очигледните инспирации е тоа што механиките се поставуват во минималистички свет. Благодарение на ваквиот дизајн, играта добива една чиста и футуристичка димензија во која можете да се изгубите со часови.

Помалку е повеќе!

Идејата која стои зад самата игра е крајно интересна. Вашта цел е да создадете универзум кој влијае на животите на луѓето кои живаат милијарда години во иднината. За таа цел, ќе користите најразлични комбинации на коцки за да отклучите напредна машинерија која отвора нови механики и пофлексибилно прилагодување ем на теренот ем на непријателите. Повеќе од јасно е дека Sixty Four не е игра за секого и највеќе би била цената од оние гејмери кои сакаат да експериментираат со невообичаени инди игри и да инвестираат време во интимно запознавање со уникатните механики!

Во моментот кога го читате овој текст, Sixty Four би требало да е излезена и спремно да ја очекува вашата одлука за дали да започнете патување во минималистичкиот свет на семоќните комбинации од коцки, соочување со предизвикувачки ситуации и откривање бројни можности за апстрактна иновација.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Oleg Danilov
  • ИздаваPlaysaurus
  • Жанр: симулација, стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 4 март 2024

Тоа беа игрите кои ги одвравме за вас. Што од ова би играле неделава? Или би ни предложиле нешто сосема друго?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk