Спонзориран текст

ПроКредит Банка: Спремни сме да ги следиме и поддржуваме стартапите во сите фази на развој

Спонзорирано од ПроКредит Банка

во Интервјуа, ИТ.МК, Спонзорирани

Искуството кое банките го имаат со малите и средните претпријатија е додадена вредност со која тие можат значително да придонесуваат за економскиот развиток и иновациите во општеството. Ова искуство е особено драгоцено за младите стартап компании, кои ги прават своите први чекори во светот на бизнисот создавајќи иновативни производи и услугикои го туркаат општеството напред. Иако на почетокот, како нови играчи на пазарот, стартапите редовно се соочуваат со низа предизвици, сепак нивниот висок потенцијал за раст е препознаен од ПроКредит Банка која веќе 20 години посветено работи на развој на локалната бизнис заедница и преку своите професионални услуги постојано привлекува прогресивни компании. 

За тоа како ПроКредит Банка оди чекор понапред и нуди поддршка на овие млади и смели претприемачи разговараме со г-а Ана Николова, директор на филијалата за мали претпријатија во ПроКредит Банка.

Етаблирани сте како банка која е докажан партнер на бизнисите, со фокус на мали и средни бизниси, а отсега започнувате со поинтензивна соработка и со стартапите. Како ја согледавте потребата да се обратите баш на стартапи?

“Веќе 20 години главна мисија на ПроКредит Банка е поддршка на бизнис заедницата со фокус на малите и средни претпријатија. Тоа искуство од долги години во кои внимателно ги слушавме нашите клиенти нé научи како успешно да ги препознаваме потребите на младите компании, да можеме да одговориме со соодветни услуги и поддршка, како во делот на кредитирањето, така и во делот на платниот промет, но исто така и советодавно и едукативно во насока на развој на успешен и одржлив бизнис модел.

Препознавајќи ги тековните трендови и модерните форми на претприемништво кои носат голема можности за нашето општество, го шириме портфолиото на услуги со стратешки пристап и на стартапите. Стартап компаниите се од суштинско значење за економијата и во нив ја гледаме иднината. Во нашата земја гледаме голем потенцијал и овие млади, храбри компании со уникатни идеи за развој на производи ги решаваат проблемите што ниту еден друг сектор не ги решава, со иновативно размислување, го туркаат општеството напред додека создаваат работни места, ја стимулираат економијата и привлекуваат странски инвестиции. 

Како банка која во центарот на своето делување го става позитивното влијание во општеството во кое работиме ја препознавме потребата да дадеме и наш личен придонес кон оваа заедница, која кај нас сé уште е во развој. Целта е да се едуцираат младите ентузијасти како да започнат и управуваат со својот бизнис, особено во областа на финансиите и одржливото работење кои се од клучно значење за долгорочен успех. Тоа сакаме  да го направиме преку споделување на нашето знаење, олеснет пристап до финансиски услуги и понатаму, со мрежата која ја поседуваме да им овозможиме на стартапите вмрежување од аспект на нашето регионално присуство со сестринските банки во регионот.” 

Неодамна лансиравте специјален пакет за стартап компании. Што нудите за овие млади компании и дали имате таргет индустрија за која се наменети овие банкарски услуги?

“Сите компании кои нудат иновативни решенија на пазарот и имаат потенцијал за понатамошен развој може да го користат стартап пакетот во првите 2 години од нивното основање. Пакетот опфаќа комплетно бесплатно работење со банката во делот на домашниот платен промет, бесплатно одржување на сметка и бесплатни трансакции, како и конкурентни цени за меѓународниот платен промет. Што е особено важно и ценето од новоформираните компании и претприемачите кои за прв пат започнуваат бизнис, во рамките на овој пакет секој стартап добива и одговорен советник за бизнис клиенти кој овозможува лесен пристап и комуникација на клиентите со банката. Практично, на овој начин стартапите како да добиваат уште еден човек во тимот кој ќе се грижи работењето со банка да биде лесно и ефикасно. 

Следејќи ги локалните трендови во домашната економија, податоците за новоформираните компании велат дека 30% од стартапите се домашни компании од ИТ индустријата и услужни дејности, па затоа нашиот најголем фокус е кон нив. Самиот факт што банката е високо-дигитализирана, од друга страна нуди дополнителна вредност за прогресивните ИТ претприемачи кои бараат партнер кој го разбира нивниот јазик и нуди комплетна, брза, сигурна и квалитетна услуга. Имајќи го предвид фактот дека најголем дел од овие компании се извозно ориентирани, за стартапите од голема корист е и нашата уникатна можност за автоматизирна распределба на приливите од странство, што го прави процесот на соработка со банката уште поефикасен.” 

Освен со Стартап пакетот, на кој друг начин ПроКредит Банка придонесува за поддршка на стартап заедницата?

“Како што кажав претходно, оваа заедница во нашата земја значително се развива во изминатите години, но сепак доколку споредиме со тоа што се случува во соседна Србија и ЕУ земјите од регионот, има уште многу работи кои може да се подобрат. Ние како чинител кој може значајно да придонесе во подобрување на работењето на стартапите, ја проширивме нашата поддршка и во поголеми размери на општествената одговорност. Поддршката на стартап заедницата не мора да се прави само преку директно финансирање, туку исто толку значајно е и едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите и отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на стартапи кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат.

Препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, ја започнавме и приказната со Hive Room што претставува коворкинг простор чија цел е обезбедување место за размена на идеи и знаења и креирање на силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество. Hive Room е достапен бесплатно за сите стартапи и фриленсери во нашата земја кои имаат потреба од простор за работа, а во иднина очекуваме да го прошириме на повеќе локации со цел да поддржиме уште поголем дел од заедницата. 

Минатиот месец ја дадовме и нашата целосна поддршка на хакатонот за одржливи бизнис идеи – Стартап викенд Скопје, кој на наше големо задоволство се одржа токму во самата Управна зграда на ПроКредит Банка со што сакавме и симболично да им ги отвориме вратите на овие млади ентузијасти и да споделиме дел од нашето знаење преку менторски сесии. Победниците на овој хакатон ќе имаат ексклузивна можност да добијат менторска програма за изработка на бизнис план водена од искусни професионалци од ПроКредит Банка, што е прв чекор во градењето на успешен бизнис.  Би рекла дека ова е само почеток и дека оваа приказна уште повеќе ќе се развива понатаму. Особено важен ни е фидбекот од претприемачите и стартап компаниите за да можеме понатаму да ги развиваме услугите кои можеме да ги понудиме кон нив, а со тоа и да го поддржиме нивниот развој и одржливост на долг рок. Од нив и ние учиме за потребите и за пазарот кој многу брзо се менува, ги следиме регионалните и светските пазарни трендови во нивната индустрија и севкупното знаење го посветуваме на градење на успешни приказни. За нас односот со клиентите е секогаш двонасочна комуникација.”

Дали и оваа иницијатива на ПроКредит Банка за поддршка на стартап компаниите ја гледате како стратегија на долг рок?

“Секако, веќе имаме и визија како нашиот придонес кон оваа заедница да го продолжиме и во насоки на редовни едукации, комуникации со експерти, работилници и останати активности кои цениме дека се нужни за поддршка и раст на оваа заедница. Нашето досегашно искуство со стартапите секако дека ќе продолжи да се збогатува, а со тоа ќе се развиваат и нашите услуги и квалитетот на истите. Спремни сме да ги следиме и поддржуваме стартапите во сите фази, од идеја, преку валидација и скалирање, до нивната зрелост. ПроКредит е банка која сака предизвици, која се стреми кон одржливост на долг рок и која цврсто се држи до својот постулат на одговорност. Можеби го избираме потешкиот пат, но сепак, со соодветна анализа и со осознавање на нашите клиенти слушајќи ги нивните потреби, креираме вистински решенија за предизвиците со кои тие се соочуваат, инвестираме во нивниот развој, а со тоа придонесуваме и за раст на локалната економија. 

Неодамна одбележавме јубилеј од 20 години пример за одговорност на ПроКредит Банка, и сигурно дека продолжуваме во тој правец со целосна посветеност кон нашите клиенти и нивниот пат на градење на успешен бизнис.”

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на ПроКредит Банка . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]