Pixel Cafe e интересен спој помеѓу time manager и визуелен роман

Од релативно новото студио Baltoro Games, ни доаѓа игра која пушта корени во два уникатни жанрови. Со Urban Flow, студиото проба да ги заинтригира гејмерите со навигација низ комплексни раскрсници и избегнување бројни несреќи. Pixel Cafe е игра која е слична претходното чедо на Baltoro Games во само една работа: нудење огромен предизвик!

Ако нешто и треба на Пиксел, тоа се пари за да го одржува местото во кое живее. Како моментен извор на финансиски средства, девојката започнува кариера во ресторан и служење муштерии. Ваша задача е да и помогнете во тоа најдобро што можете.

Пиксел започнува да работи во ресторан, а муштерии се приближуваат кон шанкот и прават нарачка, дали во форма на пијалак, јадење или комбинација од двете. Таквото нешто визуелно се сигнализира веднаш до самиот муштерија, заедно со временска рамка. Доколку времето истече, а вие не ја послужите нарачката, ќе изгубите еден живот. Поради тоа, потребно е брзински да шетате низ состојките, да ги поставувате во правилен редослед и да ја почитувате временската рамка.

На почетокот, Pixel Cafe е релативно лесна игра која одлично ве вовлекува во приказната. Но како поминува времето, се наметнуват покомплицирани гејмплеј механики и потребно е да размислувате за природата и редоследот на нарачките. Па така, доколку некој ви нарача кафе и нешто за јадење, вие првин го започнувате процесот со кафе и, додека се полни шољата, вие го подготвувате оброкот.

Ситуацијата станува исклучително тензична која ќе ви се подредат три муштерии и секој од нив сака по два пијалака и комплицирано јадење. Констатно се бара брзо размислување, правилно искористување на времето со кое располагате и прецизна комбинација на состојките. Доколку ставите погрешни состојки, или доколку го препечете јадењето или превриете кафето, морате истото да го фрлите. Pixel Cafe не толерира вакви пропусти и доколку не сте доволно брзи и ја утнете работата, ќе ви се одземат пари од вашата дневница.

Во вашиот прв ресторан, на располагање имате два шанка. Секој од нив се одликува со можности за правење различни работи и муштериите доаѓаат на оној шанк каде што имаат потреба. Вие го гледате само едниот шанк и потребно е да шетате од едниот до другиот доколку се појават муштерии и таму и таму.

Во ситуации на апсолутен хаос каде имате бројни муштерии и листа од неисполнети нарачки, можете да искористите специјална моќ и да го успорите времето. На некој начин, влегувате во зоната и вашите рефлекси стануваат надчовечки.

Покрај нормални смени, на располагање имате и бонус смени кои се значително попредизвикувачки, со многу повеќе муштерии, а многу помалку време. Ова е корисно и се препорачува само доколку имате коса и сакате да ја искубете во фрустрација.

Со паричките кои ги добивате, можете да ги надградувате шанковите. Доколку имате доволно парички, може да поставите повеќе места за сервирање, да купите машина која прави по две кафиња во исто време, или пак да си се почестите со поимпресивни печки за правење оброци. Овие надградби значително можат да ви ги олеснат обрврските.

Надградби можете да правите и во вашата куќа. Со секоја надградба во куќата, добивате посебна валута со која ја зголемувате ефикасностна на Пиксел и ѝ помагате побрзо да подготвува пијалаци и храна, како и да се намалат шансите тоа што го подготвувате да биде упропастено.

Помеѓу работата низ бројните ресторани, имате и елементи на визуелен роман, но повеќе од јасно е дека приказната е ставена во втор план и примарниот фокус е на гејмплејот, односно примање, правење и сервирање нарачки, собирање парички, надградување на шанковите и куќата, а потоа и на вашите способности.

Графиката е одлично реализирана и е празник за очи на поголемите екрани (топло препорачуваме да ја проверите Pixel Cafe на PS5). За пофалба е и одличната музичка подлога која успешно ги доловува ситуациите во кои се наоѓате.

Pixel Cafe и игра која првенствено ја препорачуваме на оние кои се повеќе по time management, а помалку по вузуелни романи. Ако пријдете на играта очекувајќи некоја поразлична комбинација, шансите се дека ќе бидете разочарани. Но, доколку сметате дека одлично функционирате под притисок, тогаш ова е игра која ќе знае како да ги тестира вашите рефлекси (читај: нерви!).

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Baltoro Games
  • Издава: Baltoro Games
  • Жанр: time management, визуелен роман
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 30 ноември 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments