(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)
Моторите претставуваат начин на изразување – еден вид брендирање на своето јас, и многу повеќе од тоа… Моторите прават да се чувствуваме живи, слободни и различни. Но возењето на мотори си носи и некои ризици – особено во Македонија каде едноставно немаме сообраќајна култура и почитување кон сите учесници во сообраќајот. Од таму и имањето на целосна опрема и нејзино користење е повеќе од добредојдено. Но, што ако постои начин како да се подобри безбедноста на љубителите на мотори?
Маркус Велер, инспириран од својата моторна незгода, се решава драстично да ја подобри безбедноста на возачите преку зголемување на искуствата кои нашите базични сензори ги детектираат. Имајќи искуство и позадина со интелигентни транспортни системи, индустриска психологија и human factor engineering, Маркус го започнува создавањето на првата паметна кацига – Skully AR-1
Неодамна, Skully ја претстави својата паметна кацига која што го спојува реалниот и аугментираниот свет на возачите. AR-1 е дефинитивно најнапредната „паметна” кацига некогаш развиена. Во центарот на ова уникатно доживување се наоѓа heads up display (HUD) кој обезбедува интуитивен преглед (сличен на Google Glass) од внатрешната страна на кацигата. А кога на тоа ќе додадете 180-степена камера поставена на задниот дел од кацигата, Bluetooth конективност, звучници и вградени батерии доволни за 9 часа возење, ќе увидите дека AR-1 е сериозна опрема.
Но тоа не е сè… AR-1 е почеток на една визија која е навистина интересна сама по себе. Замислете утре сите превозни средства да имаат вградени сензори на начин што истите ќе постанат паметни превозни средства и ќе можат да комуницираат меѓу себе. Замислете каков би бил тогаш сообраќајот… Две работи се сигурни – многу побезбеден и побрз дефинитивно.
Доколку сакате да си го дозволите ова навистина интересно искуство, ќе мора да одвоите 1.500 американски долари. Но, ако ги земете предвид сите функционалности и искуството, сигурно вреди!
Среќно,
Brainster заедницата