0 коментари 2 мин. читање 5 ноември, 2015

Skype претстави свое Share копче

Skype можеби малку доцни, но сепак доаѓа на забавата со свое копче за споделување на содржини. Со оглед на тоа дека Skype е малку поспецифичен софтвер, споделувањето на содржини не оди со еден клик како што сме навикнати со Share копчињата на Facebook, Twitter и другите друштвени мрежи.

По притискање на копчето на Skype ќе треба да одберете пријател со кој сакате да ја споделите содржинината, и да внесете дополнително објаснување за што станува збор. Девелоперите веќе можат да ги користат контролите и да ги додадат копчињата на својот вебсајт, а за подетални објаснувања може да ја посетите страницата на Skype.

„Смешно видео на мачка, супер слика или статија која инспирира… постојано може да пронајдете содржини онлајн. На половина од содржината веќе ви текнува на пријатели и роднини на кои ова би можело да им биде интересно… Денес сме возбудени да споделиме со вас Share копче, со кое споделувањето преку Skype ќе биде поедноставно, и ќе можете да имате побогат разговор,“ вели Skype на својот блог.

skype-share-button-final

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top