0 коментари 1 мин. читање

Српски дизајнер креираше холограм со DSLR камера и Oculus

Оливер Павличевиќ e српски дизајнер кој сам во својот дом креираше виртуелен холограм, вели Startit.rs. Холограмот ги воодушеви сите, а можеби најмногу го фали Мајк Бучер, уредникот на TechCrunch, кој вели дека „Иднината е веќе тука, но никогаш не им е достапна на сите истовремено“. Станува збор за доказ за концепт кој треба да биде само почеток за следни проекти.

За креирање на холограмот се употребени DSLR камера која испраќа сигнал преку HDMI до Blackmagic Intensity Pro Capture картичка. Oculus е приклучен за камерата и го следи движењето, а за движење на рацете се користи Kinect, вели г. Павличевиќ за Upload.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top