Наскоро започнува скопскиот фестивал за светска музика Off-Fest 2014, закажан од 30-ти мај до 5-ти јуни. На фестивалот, кој што е втор фестивал организиран од луѓето зад традиционалнот Skopje Jazz Festival, ќе се појават познати музичари од ширум светот – од битолчаните Foltin до јужнокорејските Geomungo Factory и Мулату Астатке од Етиопија – кои ќе ја пренесат својата култира преку медиумот на музика. Покрај веб сајтот и друштвените профили, фестивалот објави и своја iOS апликација која е само информативна. Ја содржи програмата, контакт и кратко инфо за музичарите кои ќе учествуваат, но нема пример YouTube или други линкови каде може да ги слушнете нивните песни, ниту пак има можност да се купи карта преку неа.
Програмата за OFFest 2014 ќе ја најдете и на новата апликација за iOS

Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







