1 коментар 2 мин. читање 20 март, 2015

Проект за убавините на Македонија собира пари на Indigogo

Стефан Петровски, Христина Петровска и Скоти Пинкстер работат на проект кој преку слики треба да ги претстави убавните на Македонија. My Homeland сака да ги претстави градовите, селата, манастирите, црквите, џамиите… буквално целата скриена убавина на земјата, луѓето и традицијата.

Проектот се обидува да собере средства преку краудфандинг кампања на Indiegogo, со што би се овозможило подобро покривање на целата држава. Дел од средствата се предвидени за дополнителни фотографи и теренско возило со што тимот би можел да стигне и до најнепристапните локации. Средства се предвидени и за Quadcopter со кој би се овозможиле фотографии од висина, пример цели села. Во замена за средствата тимот ветува дека на сервисот ќе можат да се видат слики од сите места во Македонија. Сервисот е достапен во рана фаза на „мојот роден крај“.

„Сметаме дека многу преубави куќи и религиозните објекти во напуштените села пропаѓаат како што изминува времето. Крововите паѓаат и најмалото невреме може да ги сруши“.

Поддржувачите на проектот ќе добијат подароци како HD-фотографии, сувенири од Македонија, маички, водич, но и викенд авантура во Битола. За потполна реализација на проектот се потребни високи 30.000 долари, што можеби ќе биде тешко да се соберат, но од кои веројатно најголем дел ќе отпаднат на теренското возило.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
viktor
viktor
11 years ago

Bravo za proektov!

Мени
Заедница
Изглед
To top