Shut up and take my money! Mаgic Leap конечно покажа на што работи

0 коментари 1 мин. читање

Тајниот стартап кој собра пола милијарда долари инвестиција, конечно покажа нешто од својата „револуционерна“ технологија. Magic Leap презентираше видео со кое ги претстави можностите на уредот за проширена реалност и изгледа навистина импресивно. Најголем дел од презентациите наликуваат на она што можевме да го видиме и на презентацијата на HoloLens на Microsoft.

Сепак во оваа презентација компанијата успеа да смести и видеоигра, станува збор за таканаречена tower defence игра во кој се користи околината како препрека и за криење од непријателите. Играчот треба да се одбрани од нападите на роботите, притоа освен околината му помагаат и дефанзивни „кули“ кои може да ги постави. За сега играта изгледа предобро за да биде вистинито, сепак ние стискаме палци.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед