Mojagarderoba.mk е релативно нов сајт во македонскиот сајбер простор, стартуван на крајот на претходната година, преку кој женската публика може лесно да разменува и продава облека.
Интересно, сајтот е бесплатен иако нуди уникатен простор за комуникација на тие што продаваат и тие што сакаат да купат гардероба. Преку сајтот корисниците си поставуваат своја продавница и имаат можност сами да се договорат за начинот на плаќање и размена на облеката. Ниту пак сакаат да наплаќаат.
„А зошто би наплаќале? :) Ние сакаме на луѓето да им озвозможиме еден нов начин на рециклирање на облеката, да им понудиме алатка за размена и продажба на облеката на оние коишто би се заинтересирале за таа идеја. Затоа, овој сервис е, и ќе продолжи да биде, бесплатен.“, велат од сервисот.
Mojagarderoba.mk го следи концептот на литванскиот Tarpmergaiciu.lt („меѓу девојките“). Овој сајт соработува со Тipro, компанија која е одговорна за популарни веб страни во Литванија, и која го спроведува истите тие страни во други држави, пример Србија, Хрватска, Британија, и секако Македонија, каде задолжена за mojagarderoba.mk е Милена Петровска.
На прв поглед концептот е чуден. Мене првото прашање ми беше зошто некој би купил стара облека? Знам, машко сум и не го разбирам женскиот свет, и тоа ми звучи логично. Но од mojagarderoba.mk велат дека грешам.
„Прво не мора значи дека облеката е стара. Има многу причини поради кои луѓето продаваат и нова облека: ја добиле како поклон и не им одговара, се премислиле, мало/големо им е парчето облека, едноставно заклучиле дека тоа што го купиле не е за нив. Секако, другата причина е рециклирање и искористување на нешто што повеќе не го користиме. Доколку за добра цена може да се најде некое брендирано парче облека што не било многу носено или се најде било што друго што би можело да изгледа интересно на некој друг, нема причина зошто да не купи/продаде.“
Сајтот изгледа и звучи интересно. Има доста гардероба по релативно ниски цени. Можеби токму затоа има над 2.580 регистрирани корисници, поголемиот дел жени, иако, малку изненадувачки, може да се најде и по некое парче машка облека.
Sakam da kupam mnogu rabo ti no neznam kako i tesko mi e da dojdam do niv dali moze tel .broevi za da se dogovorime