Nokia отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

5 коментари 1 мин. читање

Nokia ќе креира апликации за македонскиот пазар, најави МИОА откако денес ИТ министерот Иво Ивановски се сретна со преставници од финската компанија. Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вели дека е договорено Nokia да отвори регионален центар за развој на мобилни апликации во Македонија, која, според МИО, ќе биде единствен ваков центар во поширокиот регион.

Nokia ќе соработува со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во креирање на апликации наменети за македонскиот пазар и пазарот во регионот.

Ова значи дека ќе се креираат апликации за Windows Phone и најверојатно за Symbian. Центарот претставува обид да се истурка WP мобилната платфрома на Microsoft, која од пред една година, кога гигантите остварија соработка, е примарна платформа за новите паметни телефони на Nokia. Oд пред некој месец во Македонија пристигна и Lumia 800, првиот Windows Phone 7 телефон на Nokia. Mожеби ќе видиме и креирање на апликации за Symbian бидејќи оваа платформа иако во умирање, сепак работи на голем број телефони продадени во Македонија и регионот.

Отварањето на центарот е закажано за јуни 2012 година. МИО вели дека кога ќе се врати министерот ќе има повеќе информации.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top