0 коментари 1 мин. читање

Пристигна следната генерација на Nokia E71

{mosimage}Nokia го претстави следниот модел на успешниот “паметен” телефон E71, моделот E72, кој вклучува голем број подобрувања како 5 мегапикселна камера со авто-фокус и блиц, оптичка навигација, поместување на приклучокот за слушалки, поддршка на HSDPA конекции до 10.2 MBps… Значајни подобрувања се извршени и во софтверскиот дел, каде што големо значење е придадено на друштвените и комуникациски алатки, како ИМ клиентите, е-маил сервисите, Facebook, MySpace, YouTube…

Според произведувачот, батеријата на телефонот кој тежи 128 грама може да издржи до 24 часа, или 12.5 часа постојано зборување. Телефонот е достапен во три бои: црна, метално сива и кафена. Се очекува моделот E72 да биде претставен на пазарот во третиот квартал на 2009 година, а цената би требало да биде околу 350 евра, без вклучување на даноци или било какви договори кои ќе ги понудат мобилните оператори.

Еве како изгледа следната генерација на E71, телефон за кој јас лично имам слушнато доста добри критики… (да се надеваме дека наскоро ќе го докачиме E72 за рецензија :P):

{mosimage}

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top