Како да преземете видео од YouTube?

во Совети

{mosimage}Доколку редовно го трошите своето слободно (или работно) време на YouTube, сигурно сте се запознаени со фрустрацијата при обидот да преземете и снимите некое видео кое ви се допаднало. Бидејќи сите објавени видеа на YouTube се конвертираат во Flash (.FLV) форматот на Adobe, неможе да се преземаат на едноставен начин. Но, не постои проблем за кој неможе да биде најдено решение, барем во ИТ светот. :)

KeepVid е едноставен вебсајт кој ви овозможува на лесен начин да преземате видеа, директно од вашиот пребарувач без притоа да инсталирате некаков вид на софтвер. Сé што треба да направите е да го копирате линкот до видеото и да го пастирате во полето на KeepVid и да притиснете ‘Download’.

{mosimage}

Сајтот веднаш ќе ви даде линк до FLV видео кое може да го симнете со кликнување на десниот клик и избирање на опцијата ‘Save Link As…’, а притоа може да изберете дали видеото кое ќе го преземете ќе биде со мал или висок квалитет.

Видеата со .FLV екстензија може да ги гледате во бесплатните плеери како VLC Player или FLV Player, или пак доколку ги сакате во некој друг формат, да ги конвертирате со помош на некој конвертор.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk