Објавен Hunch, сервис кој одлучува

во Веб

{mosimage}Ко-основачот на еден од најпопуларните сајтови за споделување фотографија Flickr, Катерина Фејк, повторно ги изненади интернет корисниците со уште еден нов иновативен сервис чија работа е да донесува одлуки за корисниците и нивните потреби. Hunch.com не е интернет пребарувач, туку е сервис кој врз основа на информациите ќе се обиде да го направи најдобриот избор за вас.

Hunch е алатка која најпрвин ќе ви постави 20 прашања со цел подобро да ве запознае вас и вашиот карактер, а подоцна ќе можете да поставите директно прашање ("Каква кола да купам?", "Дали да се запишам на факултет?", "Дали треба да купам iPhone 3G S?" и сл.), а одговорот ќе го добиете откако повторно ќе поминете низ серија прашања поврзани со темата и вашиот личен живот.

Низ процедурата, корисниците можат да прескокнат некое прашање или да се вратат на претходното и да дадат друг одговор. Моментално, во датабазата на Hunch постојат 2.400 разни прашања, а прецизноста на сервисот ќе се зголемува со сé поголемото користење од страна на корисниците.

{mosimage}

Hunch реално беше избрзан со објавувањето заради претставувањето на Bing од страна на Microsoft и негово рекламирање како "одлучувачки енџин", нешто што всушност Катерина Фејк се надеваше дека прва ќе го промовира, но во нејзините коментари за овој настан, таа изјави дека всушност и е драго што Microsoft го популаризираше терминот.

Сервисов е основан на интересен концепт, знаејќи колку луѓето обожаваат да одговараат на вакви лични квиз-прашања (кој не знае, сигурно нема Facebook!), верувам дека на Hunch.com му претстои светла иднина.

Еве врз основа на што Hunch.com ми го даде своето мислење дека треба да купам iPhone 3G S:

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk