0 коментари 1 мин. читање

Пристигна iPhone 4S, може да се купи на рати

Како што беше и очекувано, новиот iPhone 4S пристигна и во Македонија, поточно кај T-mobile.

Телефонот си ја задржува високата цена, исто очекувано за секој Apple производ, но сега како олеснување за корисниците е што ќе може да се купи на рати. Ова можеби е обид на T-mobile за да привлече купувачи за новогодишните празници.

Со 4S моделот, за прв пат се претстави iPhone со 64 GB простор. Секако тој е и најскап. Има црн и бел модел, а цените се разликуваат според тарифите.

На најефтината i900 тарифа со месечна претплата од 900 денари iPhone 4S 16 GB чини 25.450 денари, или по 8.633 денари на 3 рати. Моделот со 64 GB чини 37.450 денари со 12.704 денари на 3 рати.

Доколку сте претплатник на најскапата тарифа i3600 на месечната претплата од 3600 денари ќе треба да доплаќате и по 392 денари на 24 рати за iPhone 4S со 16 GB простор.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top