3 апликации за работа со деца со попреченост

0 коментари 2 мин. читање

Како што сигурно знаете, во училиштата се вложуваат огромни напори за образование на деца со попреченост. Но, секој што работел со вакви ученици знае дека таквото нешто, ако не е предизвик, тогаш е значително поразлично.

За подобро справување со учениците и максимално извлекување на нивните потенцијали, можат да ви помогнат бројни апликации. Во оваа прилика разгледуваме три од нив, а доколку има интерес, со задоволство би ја прошириле листата со уште многу други корисни алатки и совети.

Speech Blubs – Апликација за дечиња кои имаат потешкотии при говор

Имплементирајќи технологија со видеа и гласовна контрола, апликација Speech Blurbs содржи илјадници активности, сè со цел да се вежба говорот, да се охрабри изговорот преку имитирање, но и вештините за интеракција.

Апликацијата често претрпува корисни визуелни промени и новитети во поглед на активности и има одлични оддели за подобро уредување, надгледување и контрола од страна на дефектолозите и родителите кои работат со децата.

Otsimo – Апликација за деца со аутизам и потешкотии при учење, во говор и пишување

Апликацијата се одликува со 13 области, со над 80 активности или приказни, осмислени на начин да помогнат на детето правилно да ги развие когнитивните, социјалните и моторните функции преку цртање, избирање, нарачување, совпаѓање и бројни други игри.

Otsimo произлегува од долгогодишна соработка помеѓу родители на дечиња кои припаѓаат во оваа категорија, но и бројни психолози и дефектолози.

iCan – Апликација за охрабрување самостојност на детето, социо-емоционално резонирање, како и подобрување на когнитивни и академски вештини

Како уште една интересна алтернатива е библиотека од бројни образовни видеа и игри кои нудат најразлични можности за вежбање на секојдневни рутини, развивање независност, препознавање и разбирање социјални ситуации, како и учење и препознавање броеви и букви.

Апликацијата iCan може да се користи за работа со едно лице, мала група, или цело одделение, а има и одлична поддршка за работа преку голем екран или смарт табла.

Се надеваме дека ќе ви помогнат апликациите за поефикасна работа со дечињата и за максимално извлекување на нивниот целосен потенцијал. Внимавајте при тестирање на апликациите затоа што некои од нив лесно можат да ве вовлечат во месечна или годишна претплата.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед