Пријавете го вашиот стартап на Startup Live Split

Стартапи од ширум светот се поканети да се пријават и да учествуваат на конференција со тема „Од идеја до продукт во 54 часа“ која се одржува во Сплит од 1-3 јуни.

„На кратко, луѓето од најразлични средини ќе се соберат заедно за да презентираат идеи, да чујат нови мисли, да работат напорно и да се запознаат.“, велат организаторите.

Во тек е регистрација на стартапите, а само 16 најдобри ќе бидат одберени да ја претстават својата идеја и концепт пред потенцијалните инвеститори и медиумите. Повеќе информации околу пријавувањето на стартапи може да најдете тука. За присуство на настанот, може да се регистрите тука.

Овој настан е дел од StartUp Live In настанот преку кој се мотивираат младите претприемачи и стартапи да креаираат продукти од идеи за само неколку дена, налик на Startup Weekend кој се одржа и во Скопје.

StartupLive Split edition from Ivan Blagdan on Vimeo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk