Финансискиот сервис PayPal планира да претстави додаток и апликација за паметни телефони кој ќе треба да му конкурира на Square, пишува GigaOm повикувајќи се на извори блиски до компанијата.
За да се разликува од Square, што е мал читач на картички во облик на квадрат кој се додава на паметните телефони и овозможува плаќање преку апликација, додатокот на PayPal ќе биде триаголен, но ќе функционира исто како конкурентите овозможувајќи им на малите бизниси да процесираат кредитни картички директно од паметен телефон.
Овој проект ќе биде дел од идните планови на PayPal да се појави во физичките продавници. Системот ќе функционира со интегрирање на софтверот на PayPal со веќе постоечките терминали за плаќање преку PayPal припејд картички или преку внесување на телефонскиот број и пинот што би се поврзал со нивните профили.
PayPal ќе се обиде да го реплицира успехот на Square кои, благодарение на соработката со малите бизниси на кои им го даваат бесплатно уредот и апликацијата, процесираат над 4 милијарди долари годишно.
За да биде појасно што е Square погледнете го видеото подолу. Повеќе за плановите на PayPal, пишува GigaOm, ќе дознаеме во четврток кога е закажан нивен настан во Сан Франциско.
[youtube]mu4FJ2uuTSg[/youtube]








a nie siroti, nemame ni pay pal… zemja pogana
Гледам си ме претркал со коментарот :) F-ing Macedonia…