0 коментари 2 мин. читање 10 април, 2014

Пријавете го вашиот стартап на Spark.me во Будва

(Постот е преземен од Komunikacii.net со согласност на авторот Дарко Булдиоски, блогер и основач на New Media Mk)

Spark.me ја продолжува традицијата да ја поддржува и развива стартап културата во регионот. Нивниот натпревар се фокусира на иновација, моќта на идејата и потенцијалот за раст и развој на самата стратап компанија.

Најголемата мотивација за учество е секако главната награда а тоа е можност за презентација на TechCrunch Disrupt SF Startup Alley кој ќе се одржи во Сан Франциски во септември оваа година.

Минатата година во финалето влезе и македонскиот стартап SocialSpot, кои особено беа задоволни од целокупното искуство и покрај тоа што не ја освоија главната награда. Оваа година посакуваме да има повеќе пријавени компании од Македонија и повеќе од нив да дојдат на самата конференција која има одлична програма.

Аплицирањето е до 31 мај, настанот е закажан за 19 и 20 јуни во Будва, Црна Гора, а деталите за условите за пријавување може да се погледнат на официјалната страница: Spark.me for Startups.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top