0 коментари 1 мин. читање 10 април, 2014

Апликација на денот: Mailbox пристигна на Android со опција да ви ги автоматизира навиките

Oткако беше пофален од iOS корисниците како одличен имејл клиент за Gmail, минималистичкио-дизајнираниот Mailbox пристигна и на Android. Kако и за iOS, и Android клиентот е исчистен од непотребните копчиња кои само ми го одвлекуваат вниманието. Целта на Mailbox е да ви овозможи да се фокусирате на мејлот, и тоа апликацијата го прави добро.

Но, тоа што ја прави Mailbox за Android уште поинтересна — и што ја прави Апликација на денот — е што има нова Auto-Swipe опција ви ги учи навиките како го користите мејлот, односно учи кои имејл пораки ви се важни или со кого најмногу комуницирате, и ги групира автоматски или архивира ако процени дека тие пораки не ви се приоритет. За жал, Mailbox сè уште има ограничување да се користи само со Gmail, иако веќе подолго време е ветено дека ќе може да се користи и со други имејл адреси.

[youtube]sgL9883T97U[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top