Поголемиот број корисници имаат дополнителен телефон или телефони кои не ги користат за ништо. Наместо да ви непотребно собираат прашина, таквите телефони можете да ги претворите во безбедносни камери.
AlfredCamera е феноменална апликација која ја инсталирате на вашиот дополнителен и на вашиот главен телефон, а потоа и двата телефони ги поврзувате еден со друг така што дополнителниот има улога на Camera, а главниот телефон на Viewer. Откако ова ќе го средите со само неколку кликови, она што ви останува е да го поставите и насочите екстра телефонот на местото кое сакате да биде надгледувано.
Alfred Home Security Camera ви помага за остварување константно надгледување, а секојпат кога ќе се регистрира некое движење преку Camera телефонот, ќе добиете инстантно известување на Viewer телефонот. Со оглед на тоа што се работи за телефон, можете да го активирате звучникот и микрофонот на телефонот Camera за да пробате да ги обесхрабрите крадците (можете и да активирате гласен пискав звук во форма на аларм), да стапите во интеракција со посетителите или пак да го смирите бебчето.
Alfred Home Security Camera е апликација со исклучително висока оценка од корисниците и се има преземено над 10 милиони пати само од Google Play. Но, доколку имате iOS направа, апликацијата можете да ја преземете и преку App Store!
Ова не е првпат да зборуваме на оваа тема и претходно ја фалевме апликацијата Haven која ви дозволува исто така да го претворите вашиот телефон или таблет во скриена безбедносна камера! Во некое друго време, споменавме дека одлично решение е и апликацијата WardenCam! Повеќе за тоа како можете да го претворите телефонот во безбедносна камера со WardenCam, но и како можете да го искористите телефонот за уште две други корисни сценарија, кликнете тука!