1 коментар 1 мин. читање 20 февруари, 2018

Претворете го вашиот телефон или таблет во скриена безбедносна камера со Haven

Најевтините скриени безбедносни камери со дополнителни сензори знаат да чинат од 100 евра нагоре, но она што повеќето можеби не знаат е тоа дека можат да го претворат нивниот стар, паметен телефон во релативно корисна безбедносна камера.

Haven е нова безбедносна алатка која го претвора вашиот Android телефон или таблет во еден вид направа за надгледување. Haven ги користи сензорите на вашиот телефон, како тие за движење, звук, вибрации и светлина за да регистрира и снима видео и аудио фајлови кои можете да ги надгледувате преку шифрирани канали, како Тор.

Моментно, Haven е во бета верзија, но бележи доволно добро напредување за да може веднаш да се користи од оние кои се сомневаат дека некој им ги краде чорапите, а немаат никакви докази за тоа.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top