0 коментари 1 мин. читање

Претставена e мобилната апликација за намалување на ризиците од катастрофи и кризи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) доби нова алатка која ќе му помогне да се справи со катастрофи и кризи. Се работи за Аndroid, iOS и Windows апликација преку која ќе се споделуваат информации за катастрофи и кризи со нивен приказ на мапа, детали и споделување на друштвените мрежи.

Мобилната апликацијата за намалување на ризици од катастрофи и кризи има можност за нагодување на радиусот за приказ и известување, избор на настани кои би можеле да бидат од интерес на корисникот, период и јазик на нивен приказ, поставување на тековна GPS локација или некоја друга локација како и колку често да бидат ажурирани настаните. Апликацијата нуди препораки за помош при кризни настани и поважни телефонски броеви.

Во моментов е достапна само Аndroid верзијатa, а се чека одобрување од Apple App Store и најверојатно Windows Store. Апликацијата, креирана со отворени владини податоци, е направена од ФИНКИ и УНДП, во соработка со Центарот за управување на кризи.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top