Налетав на еден интересен пост, напишан од Dave McClure (да не објаснувам, повеќе за човекот на неговиот LinkedIn profile) во кој тој на многу добар начин ги појаснува работите кои се случуваат околу економската криза и предупредува на ефектите кои можат да произлезат од негативното покривање на овој настан во САД а и глобално, и што тоа всушност би значело за развојот на ИТ индустријата.
Постот е насловен "Fear is the Mind Killer of the Silicon Valley Entreprenuer (we must be Muad`Dib, not Clark Kent)" и иаку е наменет за бизнис луѓето во Силиконската долина, содржи многу интересни размислувања и идеи и упатува апел претприемачите да останат позитивни во размислувањето и донесувањето на одлуки и да сфатат дека со проблемите треба да се соочиме, а не да ги избегнуваме.
Во продолжение ќе цитирам неколку делови од постот кои навистина ми оставија впечаток:
- "…не ги практикувам и разбирам кредитите и кредитните пазари, но знам дека сега е поевтино од било кога да започнете интернет компанија . И доколку не пропуштив нешто, моментално има повеќе луѓе онлајн од било кога, кои трошат повеќе пари онлајн. И искрено се сомневам дека овие трендови ќе ги снема на долга временска патека – пониски цени, повеќе луѓе онлајн и повеќе е-комерц…"
- "…шансите за успех на новите интернет компании *секогаш* се многу мали, не само во економски кризи. мора да имате проклето добар позитивен став, или воопшто нема да можете да станете од кревет наутро…"
- "…да се биде претприемач е е*ано страшна работа, и кошмар кој мора да го преживувате секој ден од неделата. Ова не е ништо ново, 4 од 5 веќе разработени мали бизниси не успеваат да издржат и пропаѓаат во првите неколку години, а да не зборуваме пак за оние сосема нови компании. Вие ќе бидете посрамотени, понижувани, нарекувани идиоти, исмејувани… ВИЕ ЌЕ ИМАТЕ НЕУСПЕСИ. МНОГУ ПАТИ, на НОВИ и ИНТЕРЕСНИ начини. НАВИКНЕТЕ СЕ НА ТОА…"
- "…всушност, што повеќе се навикнете на неуспеси – и на истите да се случуваат брзо, со информации за неуспехот – вие ќе бидете подобри. "
- "…поентата е да не трошите помалку пари, туку да го ПРОНАЈДЕТЕ ВАШИОТ БИЗНИС МОДЕЛ. Доколку знаете во која насока одите, тогаш е во ред да БЕГАТЕ.. во спротивно, доколку немате појма каде одите, не е воопшто важно колку полека чекорите сепак нема да стигнете таму. Можете да ги намалите вашите трошоци и инвестиции додека да го разберете вашиот бизнис, но кога ќе го направите тоа, тогаш треба да СТИСНЕТЕ НА ГАСОТ! Да го искористите вашиот кеш ефективно за да изградите подобри функционални продукти, да го проширите маркетингот и да остварите позитивен баланс и ДА ЗАРАБОТИТЕ ПАРИ…"
Целиот пост е достапен тука.






