0 коментари 3 мин. читање 13 октомври, 2008

Во Србија објавен P2P пребарувач

{mosimage}Деновиве во соседна Србија беше објавен Edgios, модерен интернет пребарувач кој не се базира на централизирана технологија на пребарување и софтверски создадени роботи и пајаци кои го создаваат индексот. Наспроти ова, Edgios работи на принцип на поврзување на голем број на корисници кои создаваат еден вид peer-2-peer (P2P) мрежа која го создава пребарувачот.

Создавач на пребарувачот е Борислав Агапијев, електро инжинер кој во своето искуство има и завидна кариера во гигантот Intel и чиј прв проект на полето на интернет пребарување е Vast, веб пребарувач за мали огласи базиран во Сан Франциско.

Мотото на P2P пребарувачот е "Моќ на милиони" и на почетната страна од нивниот сајт може да се пронајде една интересна изјава која претпоставувам е и главната цел на проектот:

"Да го ослободиме пребарувањето на интернет од влијанието на големите корпорации и да отвориме пристап на огромни количини на информации до кои тие неможат или не сакаат да пристапат"

{mosimage}

Бидејќи Edgios користи дистрибутивен индекс кој го создаваат самите корисниците со меѓусебно споделување на информации, успехот и квалитетот на резултатите на пребарувачот директно ќе зависи од бројот на членови кои ќе контрибуираат.

Edgios од бара посетителите да инсталираат посебен клиент, што засега делува одбивно за многу интернет корисници со што се отежнува процесот на создавање на голема база на корисници кои ќе го создадат пребарувачкиот индекс побрзо. Клиентот кој треба да се инсталира исто така воопшто и не е "скромен" и неговите минимални хардверски побарувања се процесор од класа Pentium 4 или понов, минимална меморија од 512 МБ, препорачливо 1 ГБ и минимум 1 ГБ од слободен простор на хард дискот. Добрата вест е што работи и на Windows и на Linux оперативни системи.

Во досегашниот развој на пребарувачот, Draper Fisher Jurvetson, инвеститорската фирма која има импресивно портфолио кое го вклучува и Skype, има инвестирано над 1 милион US долари. Се чини дека претставувањето на проектот првично во Србија е искористување на домашниот пазар за тестирање на продуктот кој подоцна (земајќи ги во предвид големите инвестиции) ќе се пласира глобално.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top