Онлајн заедницата е креативна. Mакедонската политичка сцена е за критикување. А интернет мемињата се медиумот. Затоа и не е чудно што во текот на оваа предизборната кампања за локалните избор се појави блог mkpolmeme.tumblr.com на кој било кој корисник може да закачи интересна пародија за да ја исмеее трката за моќ.
Можеби интернет мемињата кои може да ги користи секој, но кои бараат креативност за да бидат успешни, се полесен начин да се искаже револтот од политиката без притоа да се привлече гневот на партиските приврзаници и обвинувањата за наводна партиска определеност. Политичките дебати се неопходни во едно демократско општество, и разбирливо е што денес се преливаат и на друштвените мрежи. Но, за жал и таму се симулира поделеното македонското секојдневие во кое секој партиски приврзаник посетува само штаб (или фан страна) на својата партија за да се наостри да може да ги критикува сите партиски непријатели. Во таква средина, можеби смешните интернет мемиња се вистинскиот начин да се разоткрие валканата политика.
Brace Yourcelf, political comments are comming! :D