5-инчен екран, SmartPause и 13 mp камера… ова се неофицијалните детали за Samsung Galaxy S4

во Мобилни

Иако официјалното претставување на Samsung Galaxy S4 е закажано за вечерва на полноќ според македонското време, на ИТ блоговите веќе се појавуваат детали за техничките перформанси на овој нов паметен телефон, како и видеа кои ги покажуваат интересните нови вградени функционалности на уредот со кој Samsung ќе си го зацементира местото како бр.1 произведувач на паметни телефони, и најсериозен конкурент на Apple iPhone.

Ако може да им се верува на раните слики, уредот ќе има 5 инчен 1080p екран, најверојатно со поголема резолуција од 1,280×720 пиксели која ја има S3, ќе има 13 мегапиксели камера, 1,8 Exynos 5140 процесор кој е прв процесор на Samsung кој ја користи big.LITTLE архитектурата на ARM, 2 GB RAM и 16 GB простор со можност за microSD картичка. Цената на телефонот се очекува да биде околу 700 и 800 долари без договор со оператор.

Од поинтересните функционалности кои се најавени на телефонот, тука е интересното скролање со очите и SmartPause технологијата која го паузира видеото кога погледот ќе се тргне од телефонот. Подолу се видеа од неофицијални кинески извори кои ја демонстрираат најавената технологија.

[youtube]tN7o_AhIlTM[/youtube]

[youtube]jCAtRNiYBmI[/youtube]

[youtube]tH3XqqCVN5A[/youtube]

[youtube]m0uHy3SNfXQ[/youtube]
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments