Научници претворија iPhone во микроскоп за откривање на цревни паразити кај децата

Дали сте се запрашале колку всушност се добри камерите на паметните телефони? Со додавање на леќа која чини околу 400 денари камерата на iPhone 4S може да се користи како микроскоп!

Kако што јавува Medical News Today, научниците во неразвиени предели на Танзанија ја користат камерата на телефонот за откривање на цревни паразити кај децата во училиштата. Модификацијата на телефонот е едноставна и се што е потребно е двострана леплива лента, дополнителна леќа и батериска лампа. Со помош на вака модицифираниот телефон наулниците успеале да детектираат цревни паразити во училиштата.

Вака направениот микроскоп ги детектира: 81 отсто од децата кои се заразени од џиновска валчеста тенија (A.lumbricoides) и 54 отсто од валчеста тенија (T.trichiura). За жал „микросокопот“ детектира само 14 отсто од инфицираните со анкилостомна. Резултатите засега се незадоволителни пред се бидејќи задоволителна детекција треба да биде над 80 отсто.

„Не можам да кажам ништо друго, освен пофалба за оргиналната употреба на сите алатки кои им се достапни на научниците за решавање на некои сериозни проблеми во некои од најсиромашните делови на светот. Ова истражување е одличен пример како мали инвестиции во истражувањето на тропски заразни болести ќе донесат огромен бенефит за децата.“, изјави претседателот на Американското здружение за тропска медицина и хигиена, др. Дејвид Вокер.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] цели. На почетокот камерата на iPhone се користеше за детектирање на цревни паразити; па со апликација се препознаваа комарци, дури има и […]

trackback

[…] Можностите на телефоните кои имаат се подобри перформанси во медицината или на терен последниве неколку години се во пораст. Камерата на iPhone веќе неколку генерации е доволно моќна да го замени микроскопот за детектирање на некои паразити. Во Танзанија токму iPhone е еден од уредите што се користи за детектирање на цревни паразити. […]

trackback

[…] по користењето на iPhone како микроскоп за пронаоѓање на цревни паразите, но и употреба на телефонот за рана детекција на ракот, […]

Име
Име
8 years ago

Што е со сликата од Worms? xD

види ги сите огласи на kariera.it.mk