Google најави нова опција за корисниците на Chrome ќе може да се пребарува локации на Google Maps користејќи го гласот, поточно сега не треба да напишете ништо во пребарувачот за да најдете некоја локација. Сè што ви треба за да ја користите опцијата за пребарување со глас е микрофон.
Оваа новина претставува огромно олеснување на начинот на кој бараме локации, далеку побрзо. Во светот постојат многу места чии имиња се тешки за пишување, но лесни за изговарање па така сега треба само да се изговори нивното име, и Google Maps ќе ве однесе таму. Проблем може да биде како го изговарате местото и колку чисто ќе ве разбере Google. За да се користи оваа опција треба да кликнете на иконката во форма на микрофон што се наоѓа веднаш до копчето за пребарување, и сè што треба потоа да направите е да го изговорите името на локацијата која сакате да ја најдете. Исто така можете да побарате и инструкции до одредена локација.
Google Maps e уште еден сервис на Google каде можат да се користат гласни команди. Google оваа опција ја има веќе имплементирано во Android уредите, во Google.com и во Google апликацијата за iPhone. Со ова темпо не би ме зачудиле доколку во блиска иднина и Google+ не добие опција да се користат гласни команди.







