Google+ претстави нова опција која ќе ви овозможи да гледате содржина само од одредени луѓе, без да морате да целосно да го блокирате оние контакти кои не ви се допаѓаат. Станува збор за опцијата Ignore, чија употреба ќе овозможи во вашиот стрим да не се појавуваат содржини од контактите кои не ви се допаѓаат, меѓутоа работите кои вие ги споделувате ќе им бидат достапни.
Откако ќе игнорирате некој контакт, во вашиот стрим нема да ги гледате нивните постови, нема да добивате нотификации за нивните активности, ниту пак можете да ги видите во вашите кругови. Се разбира игнорираните контакти ќе можат да ги гледаат вашите постови, и ќе можат да коментираат на нив. Оваа опција најкорисна ќе биде за познатите личности, кои сигурно нема да сакаат да комуницираат со нивните фанови.
Опцијата сè уште не е достапна на сите профили, но ќе се појави во наредниот период. Доколку веќе ја имате оваа опција, и сакате некој да изигнорирате, упатете се во Incoming, и стиснете на опцијата Ignore која треба да се наоѓа на десно од името на контактот кој сакате да го игнорирате. Исто така можете да изигнорирате и поголем број на контакти. За да го сторите ова упатете се во вашите кругови, стиснете на јазичето People who’ve added you, селектирајте ги контактите кои сакате да ги игнорирате и потоа стиснете Ignore.
Доколку сево ова ви изгледа премногу комплицирано, можете да продолжите да си ја користите старата опција и едноставно да ги блокирате сите оние кои не ви се допаѓаат. Со блокирање одредени контакти целосно ги бришете од вашите кругови. Во вашиот стрим нема да ви се појавуваат содржини кои тие ги споделуваат, нема да им се појавуваат содржините кои вие ги споделувате и нема да можат да коментираат на нив.