По читање на одличното интервју со создавачот на Jooce во Плагиј.ат насловено "Малечок свет: Интервју со Александар Стојаноски, основач на Jooce" стапив во контакт со Александар и со цел да не направaм уште едно "обично" интервју и инспириран од мотото на Jooce – "Power to the people", решив да им дадам шанса на членовите на IT.com.mk форумот да постават прашање кое на крај ќе му биде поставено на Александар.
Членовите можат да прашуваат на било која тема што ги интересира во врска со него, со проектот или било која друга тема… прашањата на крај ќе му бидат доставени на Александар а одговорите ќе бидат објавени на порталот.
Интервјуто во Плагиј.ат е достапно на следниов линк:
http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=2629
Додека информации што всушност претставува Jooce можат да бидат прочитани тука.
Епа народе искористете ја оваа можност и дознајте го одговорот на тоа што сакате да го знаете… поставувајте ги Вашите прашања на форумот или пак на овој пост во коментари.






