0 коментари 2 мин. читање

Блогери објавија свои книги

{mosimage}Денеска (28 Март) во 14 часот во просториите на Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје, се одржа промоција на четиринаесет книги од едицијата "Блог – записи", а како нивни промотори беа основачот и уредник на македонскиот блогерај Сашо Мацановски – Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми.

Книгите од оваа едиција вклучуваа проза, раскази, политички коментари, патописи и други теми од секојдневието и случувањата во животот и беа објавени во Б6 формат, а бројот на страници е од 60 до 120. Сите книги се издание на Издавачката Куќа "Аквариус" од Скопје.

"Блогерите, кои со своите интересни записи привлекуваат внимание од јавноста, заслужуваат поголема достапност до читателската публика" – изјави за весникот Време, сопственичката на издавачката куќа Снежана Штрковска.

Во оваа едиција беа опфатени блоговите:

{mosimage}

Археолошки дневник  од Arwena
Мртвите херои на нашата иднина од Струмјан
No friends no family од Бездомна
Афгански дневници од Ана Пејчинова
Последниот македонски хакер од С.Ц.
Патот на душите од Виолетова
Светлата страна на готиката од Crystal Castle
Мисли со празно срце од Оги Синко
Пуфлините коцкички од  Крофна
Не е сè како што изгледа од Кими
Од CABARET до OZ од Рибаро
Анти-блог за Филип Петровски од Филип Петровски
Мајмунска стапица од Џаман
Кога нема ништо или блогот на Бунка од Бунка

На самата промоција која имаше огромна посета беа прочитани избрани постови  од страна на актерката Јелена Мијатовиќ.

Книгите можеа да се купат на лице место по цена од 100 денари.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top