До статуата на Јустинијан I на плоштадот Македонија во Скопје е поставен јавен универзален соларен полнач за мобилни телефони.
Соларниот полнач ја конвертира сончевата енергија со електрична преку фотонапонски панели, и ги има скоро сите можни кабли, приклучоци и пинови за разните модели на телефони. Тестиравме со Nokia 5100 и HTC Sensation XL и функционира, телефоните се полнат. Сега колку време ќе ви биде потребно да наполните еден мобилен зависи од моделот и колку трпение имате, но си има клупи на соларниот киоск, па може слободно да си седнете додека чекате.
Полначот кој ја собира светлината преку монокристални фотонапонски модели има соларен контролер кој ја полни батеријата која ќе служи за вечерните часови кога нема сонце.




Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.