За среќата нема летен одмор

Државна Лотарија на Македонија е единствен приредувач на општи игри на среќа на територијата на Република Македонија, кој не запира со активности и во периодот кога сите ги планираат своите годишни одмори. Изминатиов викенд ја лансиравме новата серија на Инстант Лотаријата Твингоманија, најбогата досега со добивки на овие простори: во игра се 40 автомобили Твинго Тренд на брендот Рено и уште многу парични добивки, за само 40 денари колку што чини еден инстант лоз од оваа игра. Уште на самиот старт, во текот на првиот ден на продажба беше изгребано првото Твинго. 52то коло на Новолото 7/34 во саботата на 30.06.12 беше многу интересно и дарежливо. Освен примамливата премија од 275.000 за седумката на среќниот играч од Свети Николе, имавме и три добивки 6+1, од нив две во Охрид и една во Битола.

Под мотото ЗА ДОБРО, денес се собравме на Плоштадот Пела, пред Триумфалната капија, претпладневно да Ве запознаеме со нашите најнови среќни добитници. Дружење на присутните го надополнија водителите на игрите НОВОЛОТО7/34 и ЏАМБО БИНГО; Марјана Станојковска и Игор Џамбазов кои ги доделија клучевите и ги презентираа игрите на среќа.

Со Елена Велиновска од Македонска Каменица и Апостол Трајковски од Раштак го комплетираме кругот добитници на автомобилите Цитроен Ц1 во Среќни вести. Експрес лозот Среќни вести со симбол детелинка со четири листа осамна во изданијата на дневните весници на МПМ од 19 март годинава. Овој лоз донесе бројни помали стокови добивки, но и специјалните-15те автомобили Цитроен Ц1 кои се возат по еден во Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Македонска Каменица, Раштак и 8 во Скопје, секој поединечно извлечен во емисијата Џамбо Бинго. Следниот понеделник, на 9ти јули ќе биде извлечен добитникот на главната премија-станот во Скопје, во 27 коло на омилената семејна игра на Џамбо Бинго.

Најновиот продукт во семејството на Инстант лотаријата, втората серија на Твингоманија уште на стартот ја покажа својата дарежлива страна. На денот на лансирањето на продажбата го добивме и првиот среќен добитник на премијата Рено Твниго Тренд. Иван Илиевски од скопската општина Аеродром ги изгреба првите трите полиња со идентичниот симбол на брендот Рено од вкупно шест. Неговата мајка го купила среќниот лоз од продажното место на Тобако, кај ТЦ Бисер, а тој пак ја ја зграпчил среќата. Како редовен играч на игрите на среќа на сите им порачува: „ Упорноста се исплати. Не губете надеж, ние постојано игравме и верувавме дека ова ќе се случи.“

Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари. Лозот е со цена од 40,00 денари.

Клучевите на 4тиот автомобил доделен денес пред Триумфалната капија, на Плоштадот Пела, отидоа во рацете на Пецо Крстановски од скопската Кисела Вода. Тој ќе го вози 11то Поло во Инстант лотаријата Среќни тркала. Тајната на овој инстант лоз е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.

На барање на играчите, Државна лотарија на Македонија за сите млади во срцето во април, го понуди својот прв лоз со добивки скутери Смајли со кој ја славиме 20-годишнината на емотивниот самјли и уметноста на графитите. За само 30 денари може да го освоите скутерот од соништата-Aprilija SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T. До овој момент имавме седум среќни добитници на скутер, а денес ве запознаваме со осмиот. Валентино Манолјовски од Куманово со помош на неговиот татко и Смајли и ја оставарува желбата на ќерката Матеа, која постојано го купувала овој лоз со надеж дека и ќе добие.

Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија.
Денес е среда, а се верува дека носи среќа. Токму затоа и Ве покануваме вечерва од 20 часот да го погледенете 53то коло на НОВОЛОТО 7/34 на Сител телевизија. По саботната премија за седумката во Свети Николе вредна 275.000 евра, Ви најавуваме дека премијата за 7ка во ова коло е 100.000 евра.

За добро!

Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments