Играњето Portal 2 е подобар налин да си ги подобрите когнитивните вештини, отколку тестовите и вежбите со апликации како Lumosity, вели истражувачката Вал Шут за Popular Science.
Тестовите се направени на Florida State University, а тестирано е влијаниетo на Portal 2 и Lumosity на когнитивните вештини. Резултатите од тестот на г-ѓа Шут покажеле дека е подобро да играте портал отколку да решавате тестови како оние на сајтот на Lumosity.
„Доколку игрите креирани за забава завршуваат подобра работа од игрите специјално дизајнирани за невропластика, тогаш имаме некој пропуст кај овие игри“, вели таа. Невропластика е теорија дека мозокот, посебно мозокот на возрасните може да се надградува и менува преку тренинг, игра и учење.
Еден од можните недостатоци на тестот е што сепак станува збор за кус период на тестирање. Така тестирањето траело само неколку денови, па можеби е недоволно да се заклучи какви би биле резултатите по тестирања кои би траеле подолг период. Засега г-ѓа. Шут единствено се надева дека резултатите од истражувањето ќе придонесат во иднина тестовите да не бидат споредувани игри како Solitaire или Tetris.







