Microsoft ја скокна деветката, и го претстави Windows 10

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Microsoft ја откри новата верзија на оперативниот систем, Windows 10, и веруваме дека сите, барем секунда помислија „што стана со деветката?“. Се чини дека Microsoft едноставно без некое образложени се одлучи да ја прескокне и да се префли директно на следниот број, Windows 10. Иако идејата за ова е можеби да се покаже дека итерациите на оперативниот систем се готови и овој пат станува збор за сосем нов оперативен систем.

„Windows 10 ќе работи на широк дијапазон производи. Специјално изработено искуство за декој уред. Ќе има еден универзален начин за пишување на апликаци, една продавница, еден начин на кој апликациите ќе бидат откриени купени и надградени на сите овие уреди“, вели Тери Маерс од Microsoft.

Идејата на Microsoft повторно останува иста, еден оперативен систем за низа производи: од телефони и таблет компјутери, па се до Xbox и десктоп, Microsoft најавува и уреди кои доаѓаат поврзани на „Интернет на нештата“ и нови сервери.

Според првите најави Windows 10 ќе биде големо извинување за десктоп корисниците за претходната верзија на оперативниот систем Windows 8. Една од работите која го пронајде патот назад во оперативниот систем е Start менито. Од осмицата остануваат „live tiles“ кој повторно доаѓаат со променлива големина, а истовремено овозможуваат и брз преглед на нотификациите кои доаѓаат од апликациите.

Insider program“ е веќе достапен од денес, што значи дека првата верзија за сите што не можат да издржат да го видат оперативниот систем е достапна. Сепак до конечната верзија на Windows 10 има уште околу половина година. Следната верзија за тестирање на Windows 10 ќе биде достапна на почеток на 2015 година, а финалната верзија се очекува напролет.

[youtube]84NI5fjTfpQ[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments