0 коментари 1 мин. читање

Reddit доби 50 милиони долари кои сака да ги подели со корисниците, но преку крипто-валута

Reddit успеа да собере нови 50 милиони долари инвестиции од Сем Алтман, Sequoia Capital и Andreessen Horowitz. Покрај ова дел од популарните инвеститори во Reddit се и основачот на PayPal, Питер Тил, актерот Џаред Лето и раперот Snoop Dog.

Но, тоа што е најинтересно во оваа вест е дека се најавува дека 10 отсто од овие средства ќе отидат во рацете на корисниците на платформата. Засега начинот на кој овие средства ќе се распределат на корисниците на Reddit е непознат, иако се спомнува дигитална крипто-валута без разлика дали станува зборува збор за биткоин или за некоја алтернатива.

„Планираме да креираме крипто монети и да направиме да може да се менуваат поддржани од акциите на Reddit и да ги дистрибуирам до корисниците. Инвеститорите се согласија на ова во условите за инвестирање“, вели Јишан Вонг.

Reddit е една од најактвините интернет локации со над 5 милијарди посети месечни и 115 уникатни посетители секој месец. Парите ќе бидат инвестирани во зголемување на бројот на вработени за развој, менаџирање на заедницата и подобри алатки, јави Mashable.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top