Јоно ДиКарло, екс-мозилант кој работеше на развојот на Firefox се пожали дека „RapidRelease“ процесот, односно честото објавување на надоградби како што прави Google со Chrome резултира со губење на корисниците.
Г. ДиКарло до овој заклучок дошол со помош на неколку негови пријатели ширум светот кои престанале да ја користат „лисицата“, а најчесто објаснување било „Го сакав Firefox, но се префрлив на Chrome затоа што додатоците што ги користев престанаа да работат“ и „Се префрлив на Chrome, бидејќи Firefox константно бараше повторно да го стартувам (рестартирам)“. Сепак, иако многу од членовите на заедниците ширум светот ги опоменија на Mozilla, врвот на компанијата постојано ги игнорира и си останува на своето.
„Откако софтверските компании ќе станат доволно големи, корисниците почнуваат да ги зeмаат здраво за готово. Наместо да се фокусираат на потребите и желбите на корисниците, компаниите почнуваат да ги третираат корисниците како пиони во борбата против некои други компании“ пишува г. ДиКарло.
RapidRelease процесот на Mozilla е добар пример за тоа. Компанијата овој контекст на надоградување се обиде да го копира од Google Chrome, а токму тоа ја уништи репутацијата на Firefox помеѓу корисниците. Повеќе за ова можете да прочитате на неговиот блог.
Само за споредба 60 oтсто од посетите на IT.com.mk доаѓаат од Google Chrome, а само 29,6% преку Мozilla Firefox.








Ај бе доста хејтери низаедни. Зимале, земале. Читајте ако ви се чита ако не ај гитла :D
Исто, не заборавај да ги избришеш коментариве. Бирај што ти одговара тебе другото во неповрат
Да го промениш „ги зимат“ во „ги зимаат“ ти е пак грешка. ЗЕМААТ
Луѓе! „се пожало“, „ги зимат“, „корисниите“… Дај средете малце.