Популарното комбе на Volkswagen доби нов модел ID.Buzz

во Вести

Носталгијата е еден од начините кои креаторите на производи или содржина ги искористат за да нè привлечат и заинтересираат за своите продукти. Без разлика дали станува збор за серии како „Strangest Things“, реизданија на видео игри како Final Fantasy 7 или World of Warcraft Classic, носталгијата е моќна „алатка“ кога се користи за продажба.

Електричната верзија на T1 Microbus не е прво „оживување“ на популарен модел за Volkswagen. Производителот во 2011 ја врати популарната „Буба“. Електричната верзија на популарното комбе T1 Microbus беше најавена во 2017 година, но сега има официјална потврда и дата на излегување.

Овој пат името на возилото е променето и нема да се користи T1 Microbus, но инспирацијата за дизајнот е лесно препознатлива. Комбето доаѓа под името ID.Buzz. Изгледот веќе можевме да го видиме во 2017-та. Тогаш Volkswagen го претстави како концепт возило, но сега комбето започнува со производство. ID.Buzz ќе биде достапен во продажба од  2023 година во Европа, и од 2024 година во САД.

Со ова возило Volkswagen се подготвува и за иднината. Најскапите модели имаат постојан пристап до Volkswagen-облакот. Сите возила произведени од Volkswagen постојано ќе праќаат податоци за состојбата и опасностите на патот. Овие информации понатаму ќе се препраќаат до сите нивни возила. ID.Buzz ќе доаѓа со над 30 системи за помош на возачите. Возилото ќе доаѓа и со своевидна меморија и ќе може да запомни маневри кои возачот ги прави почесто. Всушност возачот ќе треба да го направи маневарот еднаш (на пример паркирање низ тесни улички). По ова возилото автоматски секој следен пат ќе го повторува маневарот до детали.

Што се однесува до електричниот дел, Buzz.ID доаѓа со 77 kWh батерија и електричен мотор со моќност 150kW. Ова e доволно за 400 километри пред возилото да треба да застане за полнење. Полнењето е со моќност од 170kW. Тоа овозможува батеријата да се наполни од 5% на 80% за 30 минути, пренесе Wired. За жал најголем дел од полначите се со помала моќност па полнењето веројатно ќе трае подолго.

Кога електричните возила и нивните батерии се во прашање, трендот последните неколку години е батеријата да се користи и како батерија за домот. Тоа ќе биде случај и со ID Buzz. Сопствениците ќе можат да ја користат батеријата во возилото да го напојуваат својот дом или да ја вратат електричната енергија назад во мрежата.

Во почетокот ќе се продаваат два модели на ID.Buzz, ID.Buzz со четири седишта, и ID.Buzz Cargo со само две седишта и повеќе простор за транспорт. Првиот модел со 6 седишта ќе се појави во продажба дури во 2025 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments