Асоцијацијата за е-трговија на Македонија оваа година за прв пат ги одржа Ecommerce Awards. На настанот беа претставени најдобрите е-трговци за 2021 во избор на 5000 гласачи и 11 членови на стручно жири. Јавноста и жирито одбраа 18 најдобри продавници во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори.
Целта на наградите не е само да се „пофалат“ најдобрите продавници туку и промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал. Настанот треба да придонесе и за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.
Целиот процес на избор на најдобрите трговци се одвиваше во неколку фази. Во првата фаза беа прибирани номинации и апликации за сите категории. По ова жирито и јавноста можеа да гласаат за своите омилени продавници или продавниците за кои сметаа дека се најдобри. Последната фаза, доделувањето на наградите се одржа на 10 март.
Еве како изгледаше изборот на најдобрите по секции:
Шампиони во е-трговија
Во категоријата Е-трговец на годината, најдобрите три за 2021 година се Grоuper, Paket.mk и Fashion Group.
Најпопуларна онлајн продавница е онаа на аптеките Zegin, a по неа следат веб-продавниците на Paket.mk и Grouper.
Во натпреварот на дебитантите, за најдобра новоотворена продавница е избрана веб-продавницата на Domato, пред Peko и Medicus Help.
Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање
Во категоријата Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината, наградата ја освои апликацијата на Grouper. Paket.mk, А1 и Grouper се избрани за „Е-трговци со најдобра грижа за корисници“, а А1 имаат и најдобра веб-страница за плаќање на сметки.
Исклучително важната награда за „Е-трговец со најдобра достава“ ја освои Paket.mk, пред Кликни јади и Domato.
Grouper, Fashion Group и Neptun во 2021-ва година беа најдобри на странците на друштвените мрежи.
За најдобро Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање е избрана веб-страницата на Катастар.
Најдобри е-продавници по сектори
Најголем дел од продавниците и трговците кои беа избрани за најдобри по сектори добија награди и во некои од другите категории. Веројатно поголемо изненадување е изборот на Grouper во категоријата „Е-продавница за туристички услуги на годината“, но и целиот недостаток на веб-продавници кои нудат туристички услуги.
Mаркетплејс платформа на годината
Grouper
Е-продавница за облека и обувки на годината
Fashion Group
Е-продавница за бела техника и електроника на годината
Neptun
Е-продавница за храна и пијалаци на годината
Paket.mk
Е-продавница за туристички услуги на годината
Grouper
Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината
Е-продавница за дом, мебел и градина на годината
E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината
Е-продавница од областа на услужни дејности на годината
Кликни јади