За да ја вклучите опцијата, отидете во Settings на Gmail и одберете го Labs менито.
Во менито со куп разни експериментални додатоци, од кои има куп интересни и корисни, ќе ja најдете Undo Send опцијата. Кликнете на Enable и потоа најгоре снимете ги промените со Save Changes.
Undo Send опцијата ќе ви се појави во генералните опции, каде може да се намести колку секунди, меѓу 5 до 30, да чека пред да го прати мејлот.
Во случај да погрешите, Undo копчето ќе го најдете покрај информацијата дека „мејлот е испратен на X“. Кликнете на Undo и ќе добиете порака дека мејлот е повлечен. Доколку го затворите Gmail табот, нема да можете да го прекинете испраќањето на мејлот.
(via Mashable)











