Excel едноставни совети #1: зошто и како да ја користите скриената камера функција?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети

„Excel едноставни совети“ e мини серијал кој е замислен да открие некои работи за excel кои можеби не сте ги знеле.

Денеска разговараме за Camera – скриена алатка во Excel која ви дозволува да копирате нешто во еден работен лист, а потоа да го префрлите во друг. Доколку ова го направите преку опцијата camera, секој пат кога ќе смените некоја вредност во првиот работен лист, истата таа вредност автоматски ќе се смени и во вториот работен лист, и така натаму. На што точно мислиме?

Во работниот лист што го гледате погоре имаме една табела. Доколку решите дел или цела табела да ја селектирате, па потоа да кликнете на иконата камера (обележано со број 1 на сликата), селектираното ќе биде копирано. Потоа, ако одите на друг работен лист, пример – sheet 2 и кликнете било каде, тоа што било селектирано автоматски ќе се префрли тамо. Е, сега доаѓа интересниот дел. Погледнете ја бројката одбележана со број 2. Доколку таа бројка или некоја друга смените, истата таа вредност автоматски ќе се смени во другиот работен лист. Ова е особено важно доколку работите со најразлични податоци кои ги имате низ различни работни листови. Благодарение на оваа опција, не мора да скокате низ работни листови и константно да менувате нешто секојпат кога ќе се јави потреба за некои промени.

Како да ја овозможите опцијата?

Чекор 1: Одите на стелката, па потоа на More Commands

Преку ново отворениот прозорец избирате All commands

Наоѓате каде пишува Camera и одите на Add, па на ОК!

Честитки, тоа е тоа!

Се надеваме дека овој краток туторијал ви беше интересен и ќе ви користи во иднина. Останете со it.mk за сите други интересни совети!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments