0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2022

Побрзо покренување програми со користење кратенки

Поголемиот дел од нас покренува програми така што ја пронаоѓа соодветната икона на десктоп површината и кликнува на неа. Брзо и ефикасно, но што доколку барате уште побрз начин од овој, особено кога веќе сте пред неколку отворени прозорци и не сакате да губите време во нивно минимизирање за да ја пронајдете иконата?

Во таа ситуација, можете рачно да поставите кратенки за секоја често користена апликација. Наредниот пат кога ќе ви притреба некој програм истиот можете да го активирате со стискање одредени копчиња.

Да кажеме дека сакате да го вклучувате програмот Excel. Најдете го програмот на десктопот, десен клик на него и изберете Properties.

Од ново отворениот прозорец, некаде на стредина ќе видите Shortcut key: None. Доколку кликнете на None, ќе можете да наместите кратенка, така што ја претиснете комбинацијата од саканите копчиња. Со оглед на тоа дека се работи за Excel можете да наместите кратенката да е Ctrl + Alt + E. Потоа кликнете на OK.

Нареден пат кога ќе ја претиснете оваа комбинација од копчиња, вашата апликација инстатно ќе се вклучи. Уште побрзо и уште поефикасно, нели? Дали ви кажавме дека ова функционира не само за апликации, туку и за кои било фолдери и фајлови? :D

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top