Погодувајте какви предлози при пребарување дава Google со играта Google Feud

Нема кој не ги користи пребарувачките способности за Google. Сигурно сте забележале дека секојпат кога пребарувате нешто, дел од предлози за тоа што би можеле да пребарувате се нижат под полето за пребарување. На овој начин, Google прикажува што поголемиот дел од посетителите обично пребаруваат со комбинацијата од зборовите кои веќе сте ги внеле, со цел да ви се заштеди време и да не морате да ја рачно довршите фразата.

Google Feud, од друга страна, е прелистувачка игра која го зема овој контекст и го преточува во игра каде вие треба да ги погодите предложите кои Google ги нуди. Со посетување на веб сајтот, одбирате некоја од понудените категории, како култура, луѓе, имиња, прашања, животни, забава, грана или пак игра по случаен избор. Имате на располагање и Question of the Day за да видите кое прашање е исклучително тренди за денот.

Штом одберете категорија, можете да започнете со погодување. Имате на располагање десет предлози кои се бодирани најразлично, а паралелно со ова може да направите до четири грешки. Доколку кликнете на копчето Give Up сите предлози ќе ви бидат откриени и ќе можете да започнете следна игра.

Google Feud е одлична социјална игра особено во поголемо друштво. Веб сајтот брзо се вчитува, а едиствената забелешка ја упатуваме кон рекламите кои се пласираат од сите страни и го намалуваат севкупниот впечаток, иако разбираме дека од нешто мора да се живее.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments